ДЕЈНОСТИ

 

ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА

Една од основните улоги на Почесниот конзул на Република Србија во Република Македонија, м-р Силјан Мицевски е и економската соработка и зацврстување на економските односи со компаниите од регионот и соседството.

НАУЧНО-ОБРАЗОВНА СОРАБОТКА

Ретко кој почесен конзулат организира научни симпозиуми, трибини, дискустии и средби. Почесниот конзулат на Република Србија во Република Македонија и неговиот почесен конзул м-р Силјан Мицевски досега организира пет научни симпозиуми на различни теми, но секогаш ги опфаќаат взаемните теми меѓу Република Србија и Република Македонија на кои со свои реферати настапуваат академици, доктори на науки, магистри, книжевници и разни други образовно-научни структури кои се занимаваат со науката како сегмент од општественото живеење.

КУЛТУРАНА СОРАБОТКА

Познато е дека културата е амбасадор на традицијата на еден народ. Така и Почесниот конзулат на Република Србија во Република Македонија –Битола, секогаш посебен примат дава и кон културната традиција на Српскиот народ, со голема поддршка на Српските заедници во Република Македонија.

Но, почесниот конзулат и Почесниот конзул м-р Силјан Мицевски ги поддржуваат и сите културни настани кои се случуваат во градот и пошироко создавани од Срби гости и учесници на различни културни манифестации.