НАУЧНО-ОБРАЗОВНА СОРАБОТКА

Ретко кој почесен конзулат организира научни симпозиуми, трибини, дискустии и средби. Почесниот конзулат на Република Србија во Република Македонија и неговиот почесен конзул м-р Силјан Мицевски досега организира пет научни симпозиуми на различни теми, но секогаш ги опфаќаат взаемните теми меѓу Република Србија и Република Македонија на кои со свои реферати настапуваат академици, доктори на науки, магистри, книжевници и разни други образовно-научни структури кои се занимаваат со науката како сегмент од општественото живеење.