ЗА НАС

Со одлука на Владата на Република Србија во 2007 година за отворање на Почесен конзулат на Република Србија во Република Македонија, отворен е конзулатот во Општината Битола, како град со вековна конзулска традиција. Битола е градот каде што службуваше и легендата на Српскиот театар, комедиографот Бранислав Нушиќ, кој и тука се ожени, а беше венчан во манастирот во селото Лисолај, близу Битола.

Во таа 2007 година за почесен конзул на Република Србија во Република Македонија избран е м-р Силјан Мицевски, познат бизнисмен и стопанственик, генерален директор на Градежното претпријатие “Пелистер” од Битола, кој дава голем придонес за функционирањето на Српските заедници, не само во Битола, туку и воопшто во Република Македонија.

На отворањето на Почесниот конзулат на Република Србија во Република Македонија, присутни беа бројни делегации од земјата и странство, а покрај тогашниот амбассадор на Република Србија во Република Македонија, Зоран Поповиќ, присуствуваше и градоначалникот на Општината Битола, д-р Владимир Талески.

Почесниот конзулат на Република Србија во Република Македонија, односно во Битола се наоѓа на познатата и најопеаната улица на Баканот и Европа, познатиот Широк Сокак, во центарот на Битола.

 

 

 

 

 

 

Од 2007 година, работата на Почесниот конзулат на Република Србија во Република Македонија, бележи нагорен раст и тренд, така што Почесниот конзулат на Република Србија во Битола, не само што активно се вклучува во сите активности на општественото живеење во градот и Република Македонија, туку тој и иницира различни манифестации и настани кои се под покровителство на почесниот конзул на Република Србија во Република Македонија, м-р Силјан Мицевски, во кои активно ги вклучува и Српските заедници во Битола и Република Македонија, воопшто.