2008

Симпозиум организиран во чест и сеќавање на драмски писател

NASTANI - 2008 - 1.1Во текот на 2008 година, почесниот Конзулат на Република Србија во Република Македонија, во Битола, и Почесниот конзул, м-р Силјан Мицевски, организираше многу различни манифестации и активности со кои, се одбележани значајните датуми, настани и луѓе на Република Србија. Активностите беа започнати со манифестацијата “ДЕНОВИ НА СРПСКАТА КУЛТУРА ВО МАКЕДОНИЈА”, а завршија со отворањето на училиштето на српски јазик во Битола, односно со потпишувањето на СПОГОДБАТА за соработка меѓу Факултетот за јавна администрација од Битола и Белградскиот универзитет.

Така, битолчани, а и нашите Срби во Македонија во делот на “ДЕНОВИТЕ НА СРПСКАТА КУЛТУРА ВО МАКЕДОНИЈА” ја имаа единствената и несекојдневна можност, да присуствуваат на Симпозиумот организиран во чест и сеќавање на драмскиот писател, комедиограф и новинар, Бранислав Ѓ. Нушиќ. Пред присутните гости и љубители на театарската уметност, говореа: познатиот проф.д-р Хаџи Петар Волк, проф.д-р Рашко Јовановиќ, и други.

ЗБОРНИКОТ ЗА НУШИЌ ЗНАЧАЈНА КНИГА

NASTANI - 2008 - 2Досега незабележано е во македонската публицистичка историја, некој вака да се занимава со Бранислав Нушиќ, иако тој, меѓудругото е и еден од најзначајните личности за Македонија и театарот кај нас.

Интенцијата беше овој драмски писател да биде поблиску до македонската публика, со што еднаш се ќе се дознае за него како автор и личност, а пред се како двигател во културното живеење во тој период во Македонија.

Од Симпозиумот, се виде дека Нушиќ е двигател кој на многу вешт начин ги постави столбовите на македонскиот театар и комедиографијата.

 

ДЕНОВИ НА СРПСКАТА КУЛТУРА

NASTANI - 2008 - 3.0Во Битола, почнаа “ДЕНОВИТЕ НА СРПСКАТА КУЛТУРА ВО РЕПУБИКА МАКЕДОНИЈА”, во организација на Почесниот конзулат на Република Србија во Република Македонија и неговиот конзул, господинот Силјан Мицевски. Оваа е еден вид на културна агенда, која навистина ќе побуди интерес во периодот кој доаѓа.

Долгорочната агенда насловена како “Деновите на српската култура” започна токму со Бранислав Нушиќ, зашто, како што беше истакнато и на трибината пред претставата, тој бил вториот почесен граѓанин на Битола.

Познатиот битолски хроничар, професорот Александар Стерјовски откри моменти од неговиот престој во почетокот на минатиот век во градот на конзулите кои претходно не беа многу познати.

НАД 1.000 ПОСЕТИТЕЛИ ЈА ГЛЕДАА „ГОСПОЃА МИНИСТЕРКА”

NASTANI - 2008 - 4.0Битолчани и присутните гости кои дојдоа да ги видат бравурозните изведби на актерите на Српскиот театар од Врање, до солзи ги насмеа со претставата “Госпоѓа Министерка” работена според текст на Бранислав Нушиќ, која се одигра на големата сцената на Центарот за култура во Битола.

Претставата, а тоа значи актерите на Српскиот театар од Врање, до солзи ги насмеа присутните домаќини и гости, во преполнетата сала на Центарот за култура во Битола. Нивната бравурозна изведба беше наградена со бурни аплаузи, кои покажаа дека ова театарско дело, иако напишано во почетокот на минатиот век остана популарно до денес и дека подеднакво, како тогаш, така и сега од популарност не губи обработената тема на човечката алчност и покондиреност над реалните можности што предизвикува смеа до солзи.

Од Српскиот конзулат, а и почесниот конзул Силјан Мицевски, кој го организираше гостувањето, најавија уште многу културни збиднување во текот на годината кои се очекува да ги интензивираат пријателските врски меѓу Македонија и Србија.

“БЕЛТАНГО” ГИ РАЗНЕЖИ БИТОЛЧАНИ

NASTANI - 2008 - 5Во организација на Конзулатот на Република Србија во Република Македонија, и почесниот конзул, г-нот Силјан Мицевски, во големата сала на Центарот за култура, битолчани имаа ретка можност да присуствуваат на несекојдневен настан, во рамките на Деновите на српската култура во Република Македонија.

Овој празник за ушите ни го приредија единствениот танго квинтет на Балканот, белградскиот бенд “Белтанго”.

 

“МАЛИОТ БИТОЛСКИ МОНМАРТР” ВО БИТОЛА

NASTANI - 2008 - 628 ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ОД РЕПУБЛИКА СРБИЈА
НА “МАЛИОТ БИТОЛСКИ МОНМАРТР” ВО БИТОЛА ДОБИЈА НАГРАДИ

Годинава „Малиот битолски Монмартр” е финансиран од Почесниот конзулат на Република Србија во Македонија од Битола и неговиот почесен Конзул, господинот Силјан Мицевски, за да можат вредните раце на малите ликовни амбасадори, и нивниот силен креативен дух и уметничкиот потенцијал да создадат преку 350 ликовни дела, кои уште повеќе ќе ја збогатат ризницата на “Монмартр”.

Уметничките творби на младите уметници од Република Србија, ученици во Основното училиште “Ратко Павловиќ-Чичко”, се наградени учесници на 27-от Фестивал “Малиот битолски Монмартр”, кој традиционално се одржува во Битола.