“БЕЛТАНГО” ГИ РАЗНЕЖИ БИТОЛЧАНИ
Во организација на Конзулатот на Република Србија во Република Македонија, и почесниот конзул, г-нот Силјан Мицевски, во големата сала на Центарот за култура, битолчани имаа ретка можност да присуствуваат на несекојдневен настан, во рамките на Деновите на српската култура во Република Македонија.
Овој празник за ушите ни го приредија единствениот танго квинтет на Балканот, белградскиот бенд “Белтанго”.