НАД 1.000 ПОСЕТИТЕЛИ ЈА ГЛЕДАА „ГОСПОЃА МИНИСТЕРКА”

NASTANI - 2008 - 4.0Битолчани и присутните гости кои дојдоа да ги видат бравурозните изведби на актерите на Српскиот театар од Врање, до солзи ги насмеа со претставата “Госпоѓа Министерка” работена според текст на Бранислав Нушиќ, која се одигра на големата сцената на Центарот за култура во Битола.

Претставата, а тоа значи актерите на Српскиот театар од Врање, до солзи ги насмеа присутните домаќини и гости, во преполнетата сала на Центарот за култура во Битола. Нивната бравурозна изведба беше наградена со бурни аплаузи, кои покажаа дека ова театарско дело, иако напишано во почетокот на минатиот век остана популарно до денес и дека подеднакво, како тогаш, така и сега од популарност не губи обработената тема на човечката алчност и покондиреност над реалните можности што предизвикува смеа до солзи.

Од Српскиот конзулат, а и почесниот конзул Силјан Мицевски, кој го организираше гостувањето, најавија уште многу културни збиднување во текот на годината кои се очекува да ги интензивираат пријателските врски меѓу Македонија и Србија.