ЗБОРНИКОТ ЗА НУШИЌ ЗНАЧАЈНА КНИГА
Досега незабележано е во македонската публицистичка историја, некој вака да се занимава со Бранислав Нушиќ, иако тој, меѓудругото е и еден од најзначајните личности за Македонија и театарот кај нас.
Интенцијата беше овој драмски писател да биде поблиску до македонската публика, со што еднаш се ќе се дознае за него како автор и личност, а пред се како двигател во културното живеење во тој период во Македонија.
Од Симпозиумот, се виде дека Нушиќ е двигател кој на многу вешт начин ги постави столбовите на македонскиот театар и комедиографијата.