УЧИЛИШТЕ НА СРПСКИ ЈАЗИК ВО БИТОЛА
Триесетина ученици започнаа факулта-тивно да го изучуваат српскиот јазик во мини училиштето кое се отвори во конзулска Битола. Настава по српски јазик во Битола и другите градови во Македонија немало откако се распадна Југославија, а претходно се изучуваше како редовен предмет во основното училиште.
Ова се пионерски чекори иницирани од Заедницата на Србите во Македонија, и од Српскиот конзулат во Битола. Целта е да им се овозможи претежно на младите, кои имаат српско потекло, да не го заборават јазикот на своите предци. Но, со едукацијата ќе бидат опфатени и други заинтересирани лица кои кон овој процес гледаат со полиглотски и космополитски дух.
“Денешниот настан е од исклучи-телно значење за српската заедница од градот и околината, бидејќи се отвора едно мини училиште, односно, училиште за учење на мајчиниот јазик. На сите ни е јасно што значи мајчиниот јазик за една заедница, тоа се корените. Со оглед на големото интересирање кај младите, и кај повозрасната генерација овие курсеви очекуваме да дадат добри резултати”, вели српскиот конзул Силјан Мицевски.