По повод 90-годишнината од пробивањето на Солунскиот фронт (1915-1918), деновиве во битолскиот театар се одржа свечена академија. На свеченоста се истакна дека Првата светска војна во чии рамки бил и Солунскиот фронт, била најжестоката рововска битка во историјата. Притоа, само на споменатиот фронт загинале над 32.000 српски војници, дел во Албанија, дел на Крф во Грција,а голема бројка на Кајмакчалан во Македонија.
“Ова е организирано со пиетет, за да се сетиме на жртвите кои паднаа на браникот на татковината. Но, и порака, војни веќе да не се случуваат, да биде мир”, беше истакнато на свечената академија.
Свечената академија беше организирана од Националниот совет на Србите во Македонија и почесниот Конзул на Република Србија во Република Македонија, господинот Силјан Мицевски.
Годинава се положи цвеќе и на ср-пските гробишта во Битола, а на при-годните манифестации кои продолжија во текот на денот присуствуваа и српскиот амбасадор во Македонија, Зоран Поповиќ и конзулот на Република Србија во Битола, Силјан Мицевски.