СИЛЈАН МИЦЕВСКИ - ЧОВЕК КОЈШТО И ДАВА ВРЕДНОСТ НА БИТОЛА
Силјан Мицевски, генералниот менаџер на Градежното претпријатие “Пелистер” од Битола и актуелен српски конзул во Македонија, во времето кога беше градоначалник на Битола, бил верен пријател на најголемата културна манифестација на градот под Пелистер, односно на “Малиот битолски Монматар”.
Поранешниот битолски градоначалник несебично го помагалДетското ликовно студио “Св.Кирил и Методиј”, кое со години ја организира ликовната колонија и ги собира на едно место младите ликовни таленти од целиот свет.
По девет години од вака изградената пријателска врска, формирачот на студиото и “Монмартр”, Коста Хаџи Антоновски одлучи да му се оддолжи на овој наш голем битолчанец и филантроп, со изработка на ДВД, посветено токму нему, на Мицевски, како мало потсетување на деновите кога го помагал студиото. Промотивниот материјал беше промовиран викендов во Битола пред очите на многумина вљубеници во детската ликовна уметност.