СУРОВАТА ВИСТИНА ПО СЕКОЈА ЦЕНА

SDC10403Со преку четиридецениска ангажираност како во театар, така и на филм и телевизиски серии, Јелисавета Сека Саблиќ е една од врвните актерки на поранешните југословенски простори. Ги има освоено речиси сите релевантни награди, меѓу кои, и престижната награда “Жанка Стокиќ” која се доделува на актер кој го има одбележано театарскиот и филмскиот живот во Србија.

Нејзина најомилена улога во која до израз доаѓа сета нејзина творечка зрелост, е улогата за животот на оперската дива Марија Калас. ивал театарскиот така и Со маестрална изведба во претставата “Мастер клас Марија Калас”, минатата недела го отвори 11-от по ред Интернационален фестивал на монодрама во Битола. Нејзиното доаѓање меѓу биточани го овозможи конзулатот на Република Србија во Република Македонија, односно конзулот Н.Е.

Силјан Мицевски кој истакна дека взаемната соработка треба да расте на сите нивоа. А квалитетот секој треба да го види, па затоа тој е тука да овозможи меѓу битолчани да се појават и уметниците од најразличен вид кои значат нешто за српската култура воопшто.