СРПСКИОТ КОНЗУЛАТ И КОНЗУЛСКА БИТОЛА

IMG 9637Меѓународниот научен симпозиум на тема „Српскиот конзулат и конзулска Битола“, што викендов се одржа во градот под Пелистер, уште еднаш ги потврди цврсто изградените пријателски односи меѓу македонскиот и српскиот народ. Двајцата најповикани српски претствници во државата, амбасадорот Зоран Поповиќ и конзулот Силјан Мицевски, нагласија дека современието не може да ги наруши добро воспоставените врски кои традиционално и во континуитет се граделе низ вековите.

„Мислам дека не само што не може да ги наруши, туку не постојат ни сериозни проблеми кои би ја довеле во прашање традиционалната врска и соработка меѓу Македонија и Србија, и секако меѓу Битола и Србија. Проблеми секогаш има, но тоа се животни дневни работи кои се случуваат во меѓусебите односи на сите земји. Според тоа, немаме никакви сериозни проблеми кои би можеле да ја доведат во прашање соработката помеѓу двете земји“, изјави амбасадорот Поповиќ.

Еден од мостовите преку кои се градеше соработката меѓу Србите и Македонците беше токму конзуларното претставништво на Србија во Битола, кое функционираше уште во почетокот на минатиот век. Денес по сто години, ваквата конузларна врска повторно е воспоставена, а благодарение на ажурниот конзул Силјан Мицевски, ова е еден од најактивните конзулати во Битола.

„Српскиот конзулат и конзулска Битола“ е темата на овој меѓународен научен собир, воден од две причини. Првата, малку да се вратиме во времето на нашите дедовци кога Битола беше не само економски, трговски, воен центар, туку го доби и епитетот на конзулски град. Битола може да се сретне како град на реката Драгор, град под Пелистер, но не го изгуби некогашниот епитет на конзулски град. И уште повеќе денес, по толку години, тоа светло е повторно фрлено врз градот, и тој с#уште го носи епитетот на конзулски“, изјави Мицевски.