КУЛТНИОТ РЕЖИСЕР СЛОБОДАН ШИЈАН МЕЃУ БИТОЛЧАНИ

manaki za intervju 02Филмофилите го паметат по култните остварувања на филмовите: „Кој тоа таму пее“, „Маратоците го трчаат последниот круг“, „Давител против давител“, „Како сум систематски уништен од идиот“, „Манастирска ракија“ и други. Неговото присуство, а во рамките на Интернационалниот фесивал на филмската камера „Браќа Манаки“ го овозможи меѓу другото, конзулатот на Република Србија во Република Македонија, Н.Е. господинот Силјан Мицевски, за да заaедно со битолчани ги подели импресиите од фестивалот, но и од периодот кога за филмот како уметност се даваше многу пари.

„Проблем на овие наши мали земји е тоа што пазарот се намали за филмови и повеќе не постојат вистински начин да се повратат вложените средства. С# зависи од тоа колку државата е подготвена да издвои пари. Ако сакате големи филмови, тоа не може без големи средства. Некој сака да снима историски спактакли со битки и други работи, тоа не може да се има без повеќе милиони евра. Ми се чини дека би било подобро да се ориентираме кон некои продукции со релативно помал буџет, и тие износи да се лимитираат на помали суми, но на повеќе проекти“, истакна Слободан Шијан, култниот режисер на српскиот филм.

Неговата екселенција, г-нот Силјан Мицевски е радосен што може да помогне во секој поглед.

„Јас се радувам што тука меѓу битолчани е култниот филмски режисер Слободан Шијан, чии филмови постојано побудуваат интерес и желба за гледање. Тој е тука со нас да ги сподели импресиите од престојот во Битола и присуството на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, истакна, Н.Е. господинот Силјан Мицевски.