ПРВАТА ИЗЛОЖБА ВО БИТОЛА НА ЃУРИЌ

 

ПРВАТА ИЗЛОЖБА ВО БИТОЛА НА ЃУРИЌ Е ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА КОНЗУЛОТ НА РЕПУБЛИКА СРБИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Н.Е. СИЛЈАН МИЦЕВСКИ

SDC10371Деновиве, меѓу битолчани присутен беше и ликовниот уметник од Велика Плана, Република Србија, Стојан Ѓуриќ. Тој е тука само затоа што конзулатот на Република Србија во Република Македонија, односно Н.Е. господинот Силјан Мицевски го овозможе неговиот престој како човек вљубеник, меѓу другото и во ликовната уметност, па како таков постојано ги помага културните манифестации кои се случуваат во Битола, но и Република Македонија, а посебно кога во нив учествуваат еминентни имиња од Република Србија.

Инаку, Стојан Ѓуриќ живее и работи во Велика Плана и Белград. Тој своите додипломски и постдипломски студии ги завршува на Факултетот за ликовна уметност во Белград, и член е на Друштво на ликовни уметници на Србија. Воедно Ѓуриќ има излагано на над двеста колективни изложби во Србија, Европа и светот, а е и учесник на повеќе ликовни колонии. Неговите дела се наоѓаат во бројни ликовни колекции во Србија, Европа и светот.

“Ова мојата прва изложба во Битола, а тука сум благодарение на конзулот на Република Србија во Република Македонија, Н.Е. господинот Силјан Мицевски. После Битола ќе заминам за Копенхаген, Париз и Њујорк, каде ќе имам неколку месечни изложби во еминентни глаерии во овие градови”, истакна Ѓуриќ.

Се разбира и српскиот конзул Н.Е. господинот Силјан Мицевски е воодушевен од присуството на овој ликовен уметник од Србија.

“Сум го запознал Ѓуриќ на неговата изложба во Белград, но кога предложи да има изложба во Битола, бездруго прифатив да се организира овде кај нас, за да видат впрочем битолчани за каков калибар на ликовен уметник станува збор. Битолчани знаат да препознаат што е добро во с#, па дури и во ликовната уметност”, истакна Н.Е. господинот Силјан Мицевски.