СИЛЈАН МИЦЕВСКИ - ЧОВЕК КОЈШТО И ДАВА ВРЕДНОСТ НА БИТОЛА

IMG 5738Силјан Мицевски, генералниот менаџер на Градежното претпријатие “Пелистер” од Битола и актуелен српски конзул во Македонија, во времето кога беше градоначалник на Битола, бил верен пријател на најголемата културна манифестација на градот под Пелистер, односно на “Малиот битолски Монматар”.

Поранешниот битолски градоначалник несебично го помагалДетското ликовно студио “Св.Кирил и Методиј”, кое со години ја организира ликовната колонија и ги собира на едно место младите ликовни таленти од целиот свет.

По девет години од вака изградената пријателска врска, формирачот на студиото и “Монмартр”, Коста Хаџи Антоновски одлучи да му се оддолжи на овој наш голем битолчанец и филантроп, со изработка на ДВД, посветено токму нему, на Мицевски, како мало потсетување на деновите кога го помагал студиото. Промотивниот материјал беше промовиран викендов во Битола пред очите на многумина вљубеници во детската ликовна уметност.

“Силјан Мицевски навистина помагаше, вложуваше во Детското ликовно студио, секој мај, тој беше тука, со нас, со колонијата”, рече Магдалена Марковска, член на Детското ликовно студио.

Изработката на ДВД-то и неговата промоција пријатно го изненадија и господинот Мицевски. Инсертите од материјалот му ги навратија спомените, но вели дека не чекал да стане градоначалник за да го помага Детското ликовно студио, туку дека соработката со Хаџи Антоновски започнала од поодамна.

“Јас со “Малиот битолски Монмартр” не бев во близoк контакт само тогаш кога бев градоначалник, туку и пред и потоа. Во секој случај, овој настан за мене е едно големо и пријатно изненадување, а се разбира и една голема благодарност кон “Малиот битолски Монмартр”, и се разбира кон големиот ентузијаст Коста Хаџи Антоновски.Благодарноста е уште поголема зашто на овој начин знае да се оддолжи на луѓето кои помогнале во неговите активности”, изјави Мицевски.