2009

СОРАБОТКАТА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА СЕ ПОСИЛНА

IMG 1503Театарската изведба ја наполни салата во битолскиот театар, со што уште еднаш покажа дека за културата не постојат граници. Со ова продолжува да се негува културната соработка со српските културни институции, која беше доста интензивна порано, а почна повторно да бележи нагорна линија во последните три години од формирањето на Српскиот конзулат во Битола.

Претставата „Власт“, работена по текст на еден од најпознатите балкански драматурзи, Нушиќ беше во режија на Радослав Златан Дориќ, сценографија на Борис Максимовиќ, костимографија на Весна Радовиќ. На сцената пред преполната сала со публика се претставија реномираните актери: Јелица Стретеновиќ, Иван Бекјарев, Милан Цаци Михајловиќ, Десимир Станојевиќ, Марко Марковиќ, Радован Миљановиќ и Вјера Мујовиќ.

МИРОТ Е ИДНИНАТА НА ЧОВЕШТВОТО

photo-1Во средата, на 11-ти овој месец, а по повод 91-годишнината од потпишувањето на спогодбата на завршувањето на Првата светска војна на Српските воени гробишта во Битола се одржа чествување. Инаку, треба да се истакне дека историските книги, Првата светска војна ја бележат како најкрвава војна во историјата на човештвото.

“Единаесетти ноември во Европа се одбележува како ден кога заврши најкрвавата војна во историјата на човештвото, кога беа и мобилизирани над 70 милиони војници, од кои околу 20 милиони од нив загинаа, што од раните, што од гладта. Во таа четиригодишна војна, иако најмала, сепак, најмногу жртви понесе Република Србија, затоа што таа загуби 28 отсто од своето вкупно население”, истакна српскиот конзул во Битола, Силјан Мицевски.

“АКТО” ГО ДОНЕСЕ ВО БИТОЛА НОВИОТ БРАН НА СОВРЕМЕНИ УМЕТНИЦИ

SDC10108Широк спектар на настани, понуди четвртото издание на “АКТО”- фестивалот на современи уметности, кој традиционално се одржа во Битола од 12-ти до 16-ти август. Оваа единствена манифестација од ваков вид кај нас, има различен пристап кон уметничките форми и простори на изразување, поседува концепт надвор од границите на просторните рамки, и има слободен пристап на презентација.

Основната идеја на фестивалот е излегување на уметничките форми од стандардните места за нивно одржување. Во својата петдневна програма фестивалот понуди интернационални театарски претстави, визуелни уметности од новиот бран артисти од современата уметност во Македонија и регионот, музички концерти и многу забава.