2010

КОНЗУЛОТ СИЛЈАН МИЦЕВСКИ ­­­­­­­­РАБОТИ ПОВЕЌЕ ОД УСПЕШНО

NASTANI - 2010 - 1.0“Битола ја зачува конзулската традиција, а Српскиот конзулат е дел од таа успешна приказна, пред се благодарејќи на нашиот почесен конзул Силјан Мицевски”, изјави српскиот амбасадор Томислав Ѓурин при првата официјална посета на Битола.

Тој го посети Српскиот конзулат кој веќе неколку години претставува мост меѓу македонскиот и српскиот народ, овозможувајќи сплотување преку културни и други манифестации. Потоа, разговараше со претставниците на српските невладини и политички организации, го посети градоначалникот д-р Владимир Талески и запали свеќа за загинатите војници на Српските гробишта.

Српскиот конзул Силјан Мицевски најави дека и годинава конзулатот подготвува богата програма за продолжување на мисијата – градење на пријателски односи меѓу Македонците и Србите.

СРБИЈА Е СОЈУЗНИК НА МАКЕДОНИЈА

NASTANI - 2010 - 2.2Новиот амбасадор вели дека Србија е пријателски настроена кон Македонија без разлика на политичките одлуки за признавањето на Косово.

Тие планираат да ја зајакнат соработката со Македонија, а многу се задоволни од работата на Српскиот конзулат во Битола.

МАКЕДОНИЈА ИМА МОЖНОСТИ ЗА ПЛОДНА СОРАБОТКА СО СРБИЈА

NASTANI - 2010 - 3Ние порано живеевме во една заедничка држава и целото стопанство ни беше конципирано врз база на тоа заедништво, па сега сигурно е дека можат да се најдат заеднички точки на интерес. Но, Македонија во доста сфери околу законската регулатива е малку бавна.

Ако на едно место дава, а на друго место е бавна во спроведување на законот, се случуваат несакани проблеми. Никој нема долго време да чека за реализација на некоја инвестиција.

Времето е најскапо, тоа е пари, вели бизнисменот и конзул Силјан Мицевски.

ВО СРБИЈА ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА “МОНМАРТР”

NASTANI - 2010 - 4Годинава има рекорден број на училишта од Србија, кои се јавија на конкурсот за учество на светската детска ликовна колонија, што ќе се одржи во мај во Битола.

Пријавени се 115 училишта со над 4.000 ликовни творби. “Монмартр” на културен план ги поврзува двете земји, благодарение на заложбите на македонскиот амбасадор во Србија, Љубиша Георгиевски и на српскиот конзул во Македонија, Силјан Мицевски.

“МОНМАРТР” ЌЕ БИДЕ ПОВТОРНО УСПЕШЕН, БЛАГОДАРЕНИЕ НА СРПСКИОТ КОНЗУЛ СИЛЈАН МИЦЕВСКИ

NASTANI - 2010 - 5.1Српскиот конзулат од Битола ја збогати годинешната програма на 29-от по ред “Мал битолски Монмартр”, интернационална детска ликовна колонија, уметнички бренд, по кој Македонија, а со тоа и Битола, е позната насекаде низ светот.

Конзулатот овојпат го обезбеди присуството на познатата српска млада уметничка, Дејана Бачко од Нови Сад, која, иако е хендикепирана, твори со помош на нозете и создава многу добри уметнички дела.

МЛАДИТЕ СРПСКИ УМЕТНИЦИ ОСТАВИЈА ПЕЧАТ ВРЗ “МОНМАРТР”

NASTANI - 2010 - 6.0Меѓу најуспешните учесници на годинешната ликовна колонија беа претставниците на Србија, кои освоија многу награди и во наследство оставија многу убави цртежи.

Нивното гостување беше потпомогнато и на иницијатива на српскиот конзул во Битола, Силјан Мицевски, кој е долгогодишен помагач на колонијата.