МЛАДИТЕ СРПСКИ УМЕТНИЦИ ОСТАВИЈА ПЕЧАТ ВРЗ “МОНМАРТР”

NASTANI - 2010 - 6.0Меѓу најуспешните учесници на годинешната ликовна колонија беа претставниците на Србија, кои освоија многу награди и во наследство оставија многу убави цртежи.

Нивното гостување беше потпомогнато и на иницијатива на српскиот конзул во Битола, Силјан Мицевски, кој е долгогодишен помагач на колонијата.

 

NASTANI - 2010 - 6.1“Ги посетив младите уметници на теренот каде што работаа. Се видовме во Крушево. Тие се посебно надарени деца и треба да се почитува и цени нивниот труд. Се сретнав со сите, а и со младата уметничка Бачко. Навистина воодушевен сум од сите нив. Со еден збор, задоволен сум од целокупната организација што ја направи Битолското ликовно студио, а посебен белег, како што реков и претходно, на колонијата & ја даде Дајана Бачко, која ја прифати поканата да учествува. Иако хедикепирана таа остави многу трудови во Битола. Исто така, ме импресионираше и големиот одзив на учесниците на колонијата од Србија. Главно, тие ја потврдија традицијата да бидат во голем број и да остават убави трудови”, ни истакна Силјан Мицевски, српскиот конзул во Република Македонија.

Инаку, Силјан Мицевски во Српскиот конзулат организира и прием на младите уметници од Србија, на кои им подари скромни подароци, преку кои младите творци ќе се присетуваат на годинешната ликовна колонија и на гостопримливоста на конзулот Мицевски.