“МОНМАРТР” ЌЕ БИДЕ ПОВТОРНО УСПЕШЕН, БЛАГОДАРЕНИЕ НА СРПСКИОТ КОНЗУЛ СИЛЈАН МИЦЕВСКИ

NASTANI - 2010 - 5.1Српскиот конзулат од Битола ја збогати годинешната програма на 29-от по ред “Мал битолски Монмартр”, интернационална детска ликовна колонија, уметнички бренд, по кој Македонија, а со тоа и Битола, е позната насекаде низ светот.

Конзулатот овојпат го обезбеди присуството на познатата српска млада уметничка, Дејана Бачко од Нови Сад, која, иако е хендикепирана, твори со помош на нозете и создава многу добри уметнички дела.

NASTANI - 2010 - 5Нејзиното присуство во Битола ќе претставува збогатување на уметничките дострели на годинешниот “Монмартр” и гордост повеќе за градот да биде домаќин на личноста која е претставник на Србија на многу културни манифестации низ светот.

Но, воедно се покажува и колку пријателите на колонијата, како што е Српскиот конзулат, можат да помогнат во збогатување на содржините на манифестацијата, која со години е гордост на Битола.