МАКЕДОНИЈА ИМА МОЖНОСТИ ЗА ПЛОДНА СОРАБОТКА СО СРБИЈА
Ние порано живеевме во една заедничка држава и целото стопанство ни беше конципирано врз база на тоа заедништво, па сега сигурно е дека можат да се најдат заеднички точки на интерес. Но, Македонија во доста сфери околу законската регулатива е малку бавна.
Ако на едно место дава, а на друго место е бавна во спроведување на законот, се случуваат несакани проблеми. Никој нема долго време да чека за реализација на некоја инвестиција.
Времето е најскапо, тоа е пари, вели бизнисменот и конзул Силјан Мицевски.