СРПСКИОТ КОНЗУЛ СИЛЈАН МИЦЕВСКИ ГО РАСВЕТЛУВА КОНЗУЛСКОТО МИНАТО НА БИТОЛА
Српскиот конзулат во Битола со печатењето на зборникот трудови “Српскиот конзулат и конзулска Битола” овозможи да се дознае како се третирало македонското прашање во записите на битолските конзули од пред еден век. Зборникот е значајно дело, кој, врз основа на аргументи и оригинални записи, говорат за битолската историја, а со тоа, и за македонската од славниот конзулски период.
Книгата ги содржи трудовите на познатите истражувачи и историчари од Македонија, Србија и регионот, кои првично ги презентираа документите на научниот симпозиум за конзулска Битола организиран од Српскиот конзулат минатата година.