УМЕТНОСТА НЕ ПОЗНАВА ГРАНИЦИ
Во организација на Српскиот конзулат во Република Македонија и неговиот конзул господинот Силјан Мицевски и Ликовната колонија “Де Ниро” се одржаа три ликовни изложби на ликовни уметници од Србија, но и на наши, кои своето образование го стекнале на Ликовната академија во Белград, односно во Србија, со кои изложби, впрочем, се придонесе едно збогатување и поддршка на културната соработка меѓу двата народа.
Сето ова покажува дека Силјан Мицевски е една извонредна личност, човек кој е подготвен да помогне во сe, па дури и во културата и уметноста, да придонесе во создавањето на културниот живот не само на градот, туку на регионот, па и во Република Македонија, воопшто.
Човек којшто му дава посебен белег на градот на конзулите.