2011

КОНЗУЛОТ СИЛЈАН МИЦЕВСКИ ОД ИСТОРИЈАТА ГРАДИ ПАТИШТА КОН ИДНИНАТА

NASTANI - 2011 - 16.1Ако историјата некогаш ги разединувала балканските народи, била извор на антагонизми и расправии, денес, погледната од еден објективен агол, каков што е пристапот на српскиот конзул Силјан Мицевски, може да сплотува. Така, по негова иницијатива се одбележуваат значајни датуми кои се поврзани истовремено со македонската и српската историја, а на чествувањата евидентна е меѓусебната почит, што е за поздравување. Ова е само уште еден од начините Српскиот конзулат од Битола да гради пријателски врски меѓу двата соседни народа - македонскиот и српскиот.

Дипломати, државни претставници и други видни личности од општествениот живот во Македонија и Србија организираа пријателска церемонијална вечер, заедно чествувајќи ги 93-те години од крајот на Првата светска војна. Вечерта ја организираше Српскиот конзулат од Битола, а беше најдобро организирана и најпосетена досега. Над 200 пријатели од двете земји заедно се потсетија на историјата и посакаа војните веќе да не се повторат. Токму преку културната програма која беше најпрефинето избрана се укажа на тоа дека наместо некогашните војни и ривалства, денес постојат области кои ги поврзуваат и сплотуваат народите.

СОЛУНСКИОТ ФРОНТ ДЕНЕС РАЃА ПРИЈАТЕЛСТВА

NASTANI - 2011 - 15Многу значајни личности починале за време на фронтот, а денес други добронамерни луѓе го чуваат споменот за нив. “Нас со Битола и со овој простор н# поврзуваат посебни чувства. Кога доаѓаме чувствуваме обврска да ги изразиме љубовта и пријателството на српскиот народ кон македонскиот. Но поврзуваат значајни настани од историјата, како оние од Првата светска војна, кога тука се протегал Солунскиот фронт, на кој загинале многу наши предци”…

Вака со наплив на емоции Љубомир Марковиќ, претседател на Сојузот на потомци на војниците од Србија од 1912 до 1920 година, ја опиша врската која со децении е градена меѓу двата пријателски народи. Посетувајќи ги Српските воени гробишта во Битола, тој истакна дека за ваквите добри односи заслужни се и поединци од Битола.

“Се сеќавам на денот кога ги осветувавме овие гробишта. Јас го прегрнав амбасадорот Јаначковиќ, а тој ми вели, има еден човек кој е позаслужен од мене, а тоа е градоначалникот на Битола, директор на Градежното претпријатие “Пелистер”, господинот Силјан Мицевски. Јас го прегрнав и него и многу ми е мило што тој сега е почесен конзул на нашата држава овде. Благодарам за тоа што се одржуваат Српските воени гробишта во Битола. Во овој гест гледам почитување, а најмногу ме трогна тоа што е развеано и македонското знаме”, изјави Марковиќ.

 

ПОЧЕСТИ И ПОЧИТ ЗА ЈУНАЦИТЕ ОД СРПСКИТЕ ГРОБИШТА ВО БИТОЛА

NASTANI - 2011 - 14.1Деведесет и тригодишнината од потпишувањето на примирјето по Првата светска војна беа одбележани годинава на симболичен датум и час. Имено, на 11.11.2011 година во 11 часот на Српските воени гробишта во Битола беше одржана церемонија во чест на некогашното примирје и завршувањето на крвавата војна. Мирот беше склучен во далечната 1918 година меѓу завојуваните страни, откако во војната беа убиени повеќе од 15 милиони луѓе и 20 милиони ранети. Крајот на крвопролевањето во последните години редовно се одбележува со собири на воените гробишта во Битола и пошироко во регионот.

Така, и оваа година дипломати и други видни личности од Србија и Македонија се поклонија на меморијалот на Српските гробишта во Битола, оддавајќи им почит на војниците кои паднаа во битките за слобода.

Меѓу делегациите кои положија цвеќе беа српскиот амбасадор Томислав Ѓурин, српскиот конзул Силјан Мицевски, македонскиот заменик министер за култура Драган Неделковиќ, државниот секретар во Министерството за социјална политика во Србија, Негован Станковиќ, градоначалникот Владимир Талески, конзуларни и амбасадорски претставници од соседните земји, градските власти, претставникот од Македонскиот парламент Иван Стоилковиќ, студенти од воената и полициската академија, старешини, воени аташеа, српски здруженија и други гости.

СРПСКИОТ АМБАСАДОР ТОМИСЛАВ ЃУРИН ЗАДОВОЛЕН ОД АКТИВНОСТИТЕ НА КОНЗУЛОТ СИЛЈАН МИЦЕВСКИ

NASTANI - 2011 - 13.2Со најголеми пофалби се изрази српскиот амбасадор Томислав Ѓурин за работата на српскиот конзул Силјан Мицевски во Битола, поради мноштвото активности што ги презема во текот на целата година за градење на пријателски мостови меѓу српскиот и македонскиот народ.

Ваквото задоволство, посочи, дека се должи на активностите што ги презема конзулатот околу одбележувањето на значајни датуми од историјата на српскиот народ, негувањето на традициите на Србите во Битола и организирањето на научни и други манифестации кои само ја продлабочуваат плодната соработка меѓу двата пријателски народа. Српскиот амбасадорот ваквите пофалби ги изнесе за време на неговата посета на Српските гробишта во Битола при одбележувањето на 94-годишнината од пробивањето на Солунскиот фронт. На манифестацијата беше кажано дека Солунскиот фронт одамна е сместен во библиотеките и енциклопедиите.

Тој е помалку заборавен. Но, пред нас останува должноста кон паднатите борци и нивните споменични обележја да ги посетуваме, одржуваме, да се присетуваме на нив, да научиме како може обичен човек, работник и селанец да направи херојско дело бранејќи ја слободата. Пред присутните почитувачи беше нагласено дека тоа е уште една причина плус сите генерации да се учат на патриотизам кој не е дел на идеологијата, туку работа на личното воспитување.

ОДБЕЛЕЖАН ПРОБИВОТ НА СОЛУНСКИОТ ФРОНТ

NASTANI - 2011 - 12.1Соработката со Српската амбасада во Скопје е на високо ниво и дава резултати, оценува конзулот на Србија во Битола, господинот Силјан Мицевски.

Како резултат на таа плодна соработка, во последните години традиционално се одбележува Денот на пробивањето на Солунскиот фронт. Годинава на Српските воени гробишта во Битола одбележани беа 94 години од овој значаен историски настан, кој беше еден од решавачките моменти на крајниот исход на Првата светска војна.

Српскиот конзул Мицевски не пропушта да се одбележи ни еден важен датум од српската историја кој придонесува за универзалната порака за зачувување на мирот меѓу балканските народи.

Во таа насока, на 14-ти септември претставници на Српската амбасада и конзулатот во Битола, здруженија на Србите во Македонија, како и планинарски здруженија од Србија положија цвеќе на Српските воени гробишта во Битола.

СРПСКИОТ КОНЗУЛ СИЛЈАН МИЦЕВСКИ УШТЕ ЕДНАШ ЈА ОПРАВДА ДОВЕРБАТА НА РЕПУБЛИКА СРБИЈА!

NASTANI - 2011 - 11.0Рекорди собори четвртиот по ред научен симпозиум на тема: “Битола - тема за културно и уметничко творештво на автори од Република Македонија и Република Србија” што се одржа на 21-ви и 22-ри октомври во организација на Српскиот конзулат во Битола.

На собирот презентирани беа рекорден број на научни трудови, дури 62 реферати од 65 учесници, од кои, 40 доктори на науки, 9 магистри и 16 професори, публицисти, писатели и слично. Оваа голема бројка ќе биде репер за други научни собири кои ќе се одржуваат во иднина и на други теми.

Главниот организатор, конзулот Силјан Мицевски, истакна дека бројките јасно покажуваат дека интересот на научните собири, организирани од конзулатот, кај научната и публицистичката јавност е во постојан пораст како во квантитативна, така и во квалитативна смисла на зборот.

Амбасадорот Ѓурин јавно му се заблагодари на конзулот Силјан Мицевски за големиот растеж на симпозиумот.