ОДБЕЛЕЖАН ПРОБИВОТ НА СОЛУНСКИОТ ФРОНТ

NASTANI - 2011 - 12.1Соработката со Српската амбасада во Скопје е на високо ниво и дава резултати, оценува конзулот на Србија во Битола, господинот Силјан Мицевски.

Како резултат на таа плодна соработка, во последните години традиционално се одбележува Денот на пробивањето на Солунскиот фронт. Годинава на Српските воени гробишта во Битола одбележани беа 94 години од овој значаен историски настан, кој беше еден од решавачките моменти на крајниот исход на Првата светска војна.

Српскиот конзул Мицевски не пропушта да се одбележи ни еден важен датум од српската историја кој придонесува за универзалната порака за зачувување на мирот меѓу балканските народи.

Во таа насока, на 14-ти септември претставници на Српската амбасада и конзулатот во Битола, здруженија на Србите во Македонија, како и планинарски здруженија од Србија положија цвеќе на Српските воени гробишта во Битола.