СРПСКИОТ АМБАСАДОР ТОМИСЛАВ ЃУРИН ЗАДОВОЛЕН ОД АКТИВНОСТИТЕ НА КОНЗУЛОТ СИЛЈАН МИЦЕВСКИ

NASTANI - 2011 - 13.2Со најголеми пофалби се изрази српскиот амбасадор Томислав Ѓурин за работата на српскиот конзул Силјан Мицевски во Битола, поради мноштвото активности што ги презема во текот на целата година за градење на пријателски мостови меѓу српскиот и македонскиот народ.

Ваквото задоволство, посочи, дека се должи на активностите што ги презема конзулатот околу одбележувањето на значајни датуми од историјата на српскиот народ, негувањето на традициите на Србите во Битола и организирањето на научни и други манифестации кои само ја продлабочуваат плодната соработка меѓу двата пријателски народа. Српскиот амбасадорот ваквите пофалби ги изнесе за време на неговата посета на Српските гробишта во Битола при одбележувањето на 94-годишнината од пробивањето на Солунскиот фронт. На манифестацијата беше кажано дека Солунскиот фронт одамна е сместен во библиотеките и енциклопедиите.

Тој е помалку заборавен. Но, пред нас останува должноста кон паднатите борци и нивните споменични обележја да ги посетуваме, одржуваме, да се присетуваме на нив, да научиме како може обичен човек, работник и селанец да направи херојско дело бранејќи ја слободата. Пред присутните почитувачи беше нагласено дека тоа е уште една причина плус сите генерации да се учат на патриотизам кој не е дел на идеологијата, туку работа на личното воспитување.