ПОЧЕСТИ И ПОЧИТ ЗА ЈУНАЦИТЕ ОД СРПСКИТЕ ГРОБИШТА ВО БИТОЛА

NASTANI - 2011 - 14.1Деведесет и тригодишнината од потпишувањето на примирјето по Првата светска војна беа одбележани годинава на симболичен датум и час. Имено, на 11.11.2011 година во 11 часот на Српските воени гробишта во Битола беше одржана церемонија во чест на некогашното примирје и завршувањето на крвавата војна. Мирот беше склучен во далечната 1918 година меѓу завојуваните страни, откако во војната беа убиени повеќе од 15 милиони луѓе и 20 милиони ранети. Крајот на крвопролевањето во последните години редовно се одбележува со собири на воените гробишта во Битола и пошироко во регионот.

Така, и оваа година дипломати и други видни личности од Србија и Македонија се поклонија на меморијалот на Српските гробишта во Битола, оддавајќи им почит на војниците кои паднаа во битките за слобода.

Меѓу делегациите кои положија цвеќе беа српскиот амбасадор Томислав Ѓурин, српскиот конзул Силјан Мицевски, македонскиот заменик министер за култура Драган Неделковиќ, државниот секретар во Министерството за социјална политика во Србија, Негован Станковиќ, градоначалникот Владимир Талески, конзуларни и амбасадорски претставници од соседните земји, градските власти, претставникот од Македонскиот парламент Иван Стоилковиќ, студенти од воената и полициската академија, старешини, воени аташеа, српски здруженија и други гости.