СОЛУНСКИОТ ФРОНТ ДЕНЕС РАЃА ПРИЈАТЕЛСТВА

NASTANI - 2011 - 15Многу значајни личности починале за време на фронтот, а денес други добронамерни луѓе го чуваат споменот за нив. “Нас со Битола и со овој простор н# поврзуваат посебни чувства. Кога доаѓаме чувствуваме обврска да ги изразиме љубовта и пријателството на српскиот народ кон македонскиот. Но поврзуваат значајни настани од историјата, како оние од Првата светска војна, кога тука се протегал Солунскиот фронт, на кој загинале многу наши предци”…

Вака со наплив на емоции Љубомир Марковиќ, претседател на Сојузот на потомци на војниците од Србија од 1912 до 1920 година, ја опиша врската која со децении е градена меѓу двата пријателски народи. Посетувајќи ги Српските воени гробишта во Битола, тој истакна дека за ваквите добри односи заслужни се и поединци од Битола.

“Се сеќавам на денот кога ги осветувавме овие гробишта. Јас го прегрнав амбасадорот Јаначковиќ, а тој ми вели, има еден човек кој е позаслужен од мене, а тоа е градоначалникот на Битола, директор на Градежното претпријатие “Пелистер”, господинот Силјан Мицевски. Јас го прегрнав и него и многу ми е мило што тој сега е почесен конзул на нашата држава овде. Благодарам за тоа што се одржуваат Српските воени гробишта во Битола. Во овој гест гледам почитување, а најмногу ме трогна тоа што е развеано и македонското знаме”, изјави Марковиќ.