2011

СО ЛИКОВНАТА КОЛОНИЈА “ДЕ НИРО” БИТОЛА ЖИВЕЕ ВО ДУХОТ НА ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ

NASTANI - 2011 - 4Во понеделник, на 20-ти овој месец, започна годинешната, седма по ред, Ликовна колонија “Де Ниро-2011” на која ќе учествуваат дваесетина ликовни имиња, познати на светските ликовни меридијани.

Меѓу нив ќе биде и професор д-р Александар Прокопиев, еден од најголемите современи македонски писатели, кој е автор на 20-на книги и е професор на универзитетите во Оксфорд, Букурешт, Будимпешта, Белград, Софија и Љубљана, а ги води и културолошките постдипломски студии во Скопје.

Исто така, треба да се напомене дека и оваа година, директорот на ГП “Пелистер” и конзул на Република Србија во Република Македонија, господинот Силјан Мицевски, ја помогна колонијата.

ЗА 30 ГОДИНИ 300 ТВОРЦИ ОД СРБИЈА СОРАБОТУВАЛЕ СО “МОНМАРТР”

NASTANI - 2011 - 3Ваквите пријателски мостови се градат со години, благодарение на заложбите на творецот на студиото, Коста Хаџи Антоновски, но и на големиот поддржувач на културата и “Монмартр”, српскиот конзул во Битола, Силјан Мицевски.

Над 300 ученици и ликовни педагози од Србија во изминатите 30 години учествувале на манифестациите што ги организирало Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” од Битола. Со тоа, овие млади ликовни таленти многу придонеле во развојот на една од најпознатите македонски културни манифестации низ светот.

Во воспоставувањето на овие контакти многу придонел и српскиот конзул во Битола, господинот Силјан Мицевски, еден од најголемите поддржувачи на “Монмартр”. Тој дава поддршка во развојот на манифестацијата и во воспоставувањето на соработката со Србија уште пред да биде назначен на дипломатската функција која ја има денес.

 

“МОНМАРТР” ЈА ЈАКНЕ СОРАБОТКАТА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА

NASTANI - 2011 - 2Од почетоците на ликовната колонија, па до денес во изминатите 30 години едни од најчестите учесници биле српските ликовни школи и млади таленти. Соработката уште повеќе зајакна откако во Битола е отворен Српскиот конзулат зашто лично конзулот Силјан Мицевски посветено работи на унапредување на културните врски меѓу двата пријателски народи.

Тој со години го помага одржувањето на фестивалот, а овозможува да се воспостават што подобри контакти меѓу манифестацијата и српските уметнички школи за што поквалитетни творци да гостуваат на “Монмартр” во Битола.


СРПСКИОТКОНЗУЛ СИЛЈАН МИЦЕВСКИГОЛЕМ ПОДДРЖУВАЧНА “МОНМАРТР”

NASTANI - 2011 - 1Соработката меѓу “Монмартр”и српските уметнички училишта се негува со години, толку долго колку што постои и манифестацијата.Ваквите пријателски мостови се потпомогнати и од Српскиот конзулат во Битола и почесниот српски конзул Силјан Мицевски, кој со години е верен поддржувач на оваа смотра на детската ликовна фантазија.

Српските млади ликовни амбасадори и оваа година со своите творби придонесоа меѓународната ликовна колонија “Монмартр” да биде побогата и посодржинска. Ваквите пријателски мостови се потпомогнати и од Српскиот конзулат во Битола и почесниот српски конзул Силјан Мицевски.