2011

ПРЕКУ БИТОЛА - МАКЕДОНИЈА НАУЧНО СЕ ПОВРЗУВА СО СРБИЈА

NASTANI - 2011 - 10Рекорден број од 65 научници, истражувачи, магистри и доктори на науки од Македонија и Србија годинава ќе учествуваат на четвртиот по ред меѓународен научен симпозиум за македонско - српските односи. Симпозиумот традиционално го организира Српскиот почесен конзулат од Битола, а поради големиот интерес ќе трае два дена од 21-ви до 22-ри октомври во Битола. Годинава ќе се изнесат научни факти за “Битола -тема за културно и уметничко творештво на автори од Србија и Македонија”. Изложените трудови ќе се објават во зборници кои на еден начин претставуваат историски читанки за вистинските односи кои постоеле меѓу двата народа. За сериозноста на настанот говори и фактот што најмногу учесници има од Институтот за национална историја и Институтот за македонски јазик од Скопје.

“Ова е еден од најмасовните собири, а се надевам дека ќе биде и еден од најуспешните досега со оглед на тоа што меѓу пријавените кандидати има доктори на науки, магистри, научници, историчари. Темата е интересна и широка и токму тоа придонесе да имаме толку пријавени трудови и учесници. Очигледно и годинешниот зборник, кој ќе се публикува, ќе биде двојно пообемен од минатогодишниот”, изјави српскиот конзул Силјан Мицевски.

СОРАБОТКА МЕЃУ ПРВАТА ПРИВАТНА ГИМНАЗИЈА ВО БИТОЛА И БАЧКА ПАЛАНКА

NASTANI - 2011 - 9На свеченоста потпишан беше меморандум за соработка со Бачка Паланка, а присуствуваше и српскиот конзул во Битола, Силјан Мицевски, кој е голем поддржувач на сите активности и манифестации кои ги зближуваат македонскиот и српскиот народ.

На одбележувањето на денот на училиштето присуствуваше и српскиот конзул во Битола,   г-нот Силјан Мицевски, кој е голем поддржувач на сите активности и манифестации кои ги зближуваат македонскиот и српскиот народ. Преку српскиот конзулат веќе со години се организираат бројни случувања кои градат мостови меѓу Македонија и Србија.

Но, вакви соработки во последно време покренуваат и самоиницијативно одредени установи, што е доказ за респектот што земјите го имаат една кон друга и разбирањето дека колку имаш повеќе пријатели толку си и побогат човек.

МЛАДИТЕ ОД РЕГИОНОТ ЕДУЦИРАНИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕЛЕМЕНТАРНИ НЕСРЕЌИ

NASTANI - 2011 - 8Деновиве во селото Магарево под Пелистер, од страна на Општинската организација на Црвен крст од Битола, организиран беше 2-от по ред меѓународен камп за младинци. Голема поддршка на гостите и учесниците на кампот со своето присуство и пригодните подароци им ја укажа српскиот конзул во Република Македонија, г-нот Силјан Мицевски, а со поздравен говор кампот го отвори градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Поддршката на гостите и учесниците на кампот со своето присуство и пригодни подароци им ја укажа и српскиот конзул во Република Македонија, г-нот Силјан Мицевски.

“Оваа акција на Црвениот крст од Битола покажа дека нашите меѓусебни односи меѓу овие две земји функционираат беспрекорно, во нагорна линија, што значи дека и оваа манифестација не помина без присуство на децата од Република Србија. Ова уште еднаш говори дека соработката со Република Србија е на сите нивоа, па дури и на овие хуманитарни активности и акции, што не останаа незабележани. Децата се доста задоволни од престојот во Битола и од самата организација на Црвниот крст, што за мене, како почесен конзул на Република Србија во Република Македонија, претставува едно посебно задоволство, затоа што освен тоа што за овие деца ова многу значи, не смееме да заборавиме и на взаемното дружењето со нашите волонтери, коешто придонесува да расте довербата во сите правци. Згора на тоа, Црвениот крст од Чачак и Црвениот крст од Битола, потпишаа меморандум за идна плодна соработка, со што се зацврстува соработката и во овој дел со Република Србија. Знаете дека Република Србија е земја која нема отворени прашања со Република Македонија и токму заради тоа овие акции се перманентно посетувани од соседната република. Пред некое време заврши “Малиот битолски Монмартр”, на кој, исто така, имаше едно огромно учество на деца од Република Србија, така што, се надевам дека и следното организирање на некои исти или слични активности во Битола на сите полиња, ќе имаме учесници на деца од Република Србија”, истакна, г-нот Силјан Мицевски, конзул на Република Србија во Република Македонија.

СИЛЈАН МИЦЕВСКИ Е ГОРДОСТ ЗА СВЕТСКАТА ДИПЛОМАТИЈА

NASTANI - 2011 - 7Почесниот конзул низ својата работа на достоинствен начин ја претставува Република Србија и придонесува за нејзиниот углед и јакнење на врските меѓу двата блиски народи. Со тоа потполно ја исполнува мисијата која од него се очекува на најдобар можен начин.

Неговите активности и работата се оценети со највисока оценка од Министерството за надворешни работи на Република Србија, и Србија е горда на ваков дипломат. Ова го изјави амбасадорот Томислав Ѓурин при посетата на Битола за време на свечената промоција на новиот зборник со научни трудови “Битола и македонско-српските културни односи и врски” што го објави Српскиот конузлат од Битола. Од ваквата активност на Српскиот конзулат во Битола презадоволни се Српската амбасада во Скопје и српското Министерство за надворешни работи.

Лично српскиот амбасадор Томислав Ѓурин при неговата последна посета во Битола изјави дека конзулот Мицевски ги добил највисоките оценки од Србија за неговата дипломатска активност во Македонија.

КОЛОНИЈАТА “ДЕ НИРО” СТАНУВА ПОЗНАТ СВЕТСКИ БРЕНД

NASTANI - 2011 - 6.0Седмото издание на Ликовната колонија “Де Ниро” го достигна врвот во секоја смисла, како организациона, така по присуството на голем број бардови на светското сликарство и по бројот на настани во рамките на манифестацијата.

Оваа колонија, покрај интернационалниот карактер, станува и мултимедијална манифестација, со што веќе ги надминува рамките на колонија. Инаку колонијата “Де Ниро” е помогната од српскиот почесен конзул господинот Силјан Мицевски.

ЗА ПОЗДРАВУВАЊЕ Е ПОМОШТА НА КОНЗУЛОТ МИЦЕВСКИ

NASTANI - 2011 - 5.1Српските уметници, кои гостуваа на Ликовната колонија “Де Ниро”, изразија благодарност што српскиот конузл Силјан Мицевски постојано ги помага културните манифестации кои подразбираат јакнење на соработката меѓу македонскиот и српскиот народ.

Ваквиот пример, вели еден од најпознатите српски уметници Јован Пантовиќ е пример за пофалба кој треба да се раскажува надалеку. Кога конзулите се јавуваат како мецени или заштитници на ликовните уметници, тоа е за поздравување.