ЗАВЕТОТ НА СТАРИТЕ ВОЈНИЦИ ВО РАЦЕТЕ НА КОНЗУЛОТ СИЛЈАН МИЦЕВСКИ

NASTANI - 2012 - 12.1Сојузот на потомци на срспките војници од 1912 до 1920 година деновиве го посетија Српскиот конзулат во Битола и одблиску се запознаа со богатата активност на конзулот, Н.Е. Силјан Мицевски. Средбата беше остварена за време на тридневната посета на Македонија од страна на српскиот претседател Томислав Николиќ и неговата делегација. За време на посетата, по повод одбележувањето на 100-годишнината од Кумановската и Битолската бит-ка, Сојузот на потомци на српските војници на конзулот, Н.Е Силјан Мицевски, му врачи документ, таканаречен, “Завет на старите војници”.

Конзулот Н.Е. Силјан Мицевски изјави дека врачениот “Завет” за него претставува голема работа, зашто е даден со голема љубов и од потомци на лица кои го дале својот живот за доброто на сите балкански народи. Тој пак им ги подари четирите зборници кои конзулатот ги има објавено од презентираните трудови на четирите научни собири одржани во изминатите години на тема култура и историја на македонскиот и српскиот народ.

“Тоа што го работам, го работам отсрце, колку што можам. Досега имаме резултати за она што го работиме. Оваа година издаден е четвртиот зборник од научните симпозиуми кои ги одржуваме секоја година. На последниот собир имавме 65 реферати и 63 излагачи, од кои повеќето од ни се доктори на науки, академици и историчари кои знаат што се случувало на овие простори”, изјави Мицевски.