ПРОМОВИРАНА КНИГАТА “ЗАПИСИ ЗА ЗЛОСРЕЌИ” ВО БИТОЛА

NASTANI - 2012 - 13.1Српскиот конзул, Н.Е. Силјан Мицевски, заедно со Заедницата на Србите од Битола несебично помогнаа во издавањето на новата книга “Записи за злосреќи” на битолскиот хроничар проф.д-р Александар Стерјовски. Делото е составен дел од циклусот “Битолско десеткнижие” од кои дел книги се веќе издадени, а други во подготовка. И нивното печатење ќе го помогне конзулот, Н.Е. Мицевски.

“Стерјовски е наш битолски најплоден писател. Ме импресионира бидејќи обработува интересни теми за Битола. Кога слушнав што има подготвено за печатење, кај мене немаше двоумење, прифатив да бидам комплетно спонзор на неговото дело и во рекордно време делото се подготви и отпечати. Тој има и други подготвени материјали, му ја понудив мојата помош бидејќи сметам дека на тие луѓе што се трудат да прават нешто за градот, тоа треба да остане во траен спомен за генерациите”, изјави Н.Е. конзулот Мицевски.