94 ГОДИНИ ОД КРАЈОТ НА ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА

NASTANI - 2012 - 14.2На Српските воени гробишта во Битола на 11-ти номеври, поточно на Денот на народната жалост, беа одбележани 94 години од завршувањето на Првата светска војна (1914 - 1918).

Церемонијата значеше симболично помирување на народите кои војуваа во Првата светска војна. Но, се оддаде и почит на српските војници кои се погребани на воените гробишта во Битола. Настанот го организираа Владите на Македонија и Србија, а присуствуваа амбасадори, воени аташеа, српскиот конзул Силјан Мицевски, францускиот конзул Калиопа Кривашија, како и грчкиот и бугарскиот конзул, потоа министри, кадети и други гости. На церемонијата присуствуваше и државниот секретар на Министерството за труд и социјална поликтика Негован Станковиќ, кој порача дека на гробиштата почиваат млади генерации на кои не им беше дадено да живеат во мир, да создадат семејства и да добијат потомство, во спокој да ја дочекаат староста. Силјан Мицевски нагласи дека ова не е прво помирување организирано на 11-ти ноември, туку дека тоа се чествува редовно во последните години.

“На овој ден секоја година се потсетува што не треба да се прави, а се потсетуваме и на жртвите кои лежат на Српските гробишта во Битола. Тие заслужуваат одбележувањето да биде уште посвечено”, додаде Мицевски.