КУЛТУРНИТЕ ВРСКИ СЕ НАЈСИЛНИ

NASTANI - 2012 - 16Со вклучување на српскиот конзул, Н.Е. Силјан Мицевски, во Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм кој се одржува во Битола, фестивалот доби и еден вид професионален карактер иако станува збор за фестивал на аматерски документарен филм, кој е посветен на камерата 300, затоа што, покрај тоа што учество зеле многу значајни српски автори, на негова покана во Битола беше и професионалниот режисер, сценарист и продуцент Недељко Деспотовиќ од Белград. Што јасно говори дека нема манифестација во градот на конзулите во која не е вклучен и српскиот конзул во Република Македонија, Н.Е. Силјан Мицевски, а сe со единствена цел затоа што филмот е многу значајна уметност на современото време и се наметнува потребата, децата од најрана возраст да се едуцираат за филмот.

“Ова е прилика да се видиме со колегите од Македонија и регионот, да размениме мислења и да ги зацврстиме врските кои се најсилни од било што, а тоа се културните врски”, истакна сценаристот, режисерот и продуцент Недељко Деспотовиќ од Белград, Србија.