2012

МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА ИМААТ ОДЛИЧНИ ВЗАЕМНИ ОДНОСИ

NASTANI - 2012 - 5Културната размена меѓу Србија и Македонија зазема значајно место во програмата на Српскиот конзулат во Битола. Ова го истакна, неговата екселенција, српскиот конзул во Република Македонија, господинот Силјан Мицевски, на приемот на членовите на српскиот театар “Сензационални тегет театар” од Белград, на која средба беа најавени уште две изложби на ликовни уметници од Србија кои ќе се одржат до крајот на годината.

Соработката на полето на културата, особено соработката со уметниците зазе-ма значаен дел од програмата на Српскиот конзулат во Битола. Во развојот на заед-ничкиот културен простор, од особено значење се гостувањата на уметници, затоа што како, по правило, с# почнува, и с# завршува со културата, која придонесува во зацврстување на културните врски меѓу двата народи.

За српските уметници, членовите на “Сензационални тегет театар” од Белград, гостувањето во Битола ќе го паметат како исклучително позитивно искуство. Тие на приемот кај конзулот на Република Србија во Република Македонија, г-нот Силјан Ми-цевски, изразија големо задоволство за работата на Српскиот конзулат кој ја продолжува традицијата во културната соработка меѓу двете земји.

ЛЕТЕН КАМП ЗА ХУМАНОСТ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ОД БИТОЛА

NASTANI - 2012 - 4.1Битолското село Буково, викендов што измина, беше домаќин на летниот камп за млади активисти на Црвениот крст, што го организираше Општинската организација на оваа меѓународна асоцијација. Учесниците освен од Македонија и од неколку балкански земји, имаа можност да се дружат и да учат за Црвениот крст и за хуманоста. Младите од Србија, велат дека се воодушевени од разменетите искуства, но и од топлиот прием во Битола.

И господинот Силјан Мицевски, конзулот на Република Србија во Република Македонија, ги посети младите активисти на Црвениот крст од Сомбор и Врњачка бања од Србија во манастирот “Св. Преображение” во Буково, поздравувајќи го нивното присуство, а притоа подарувајќи им пригодни подароци, што јасно укажува дека сите учесници, а посебно од Република Србија добија целосна поддршка од неговата екселенција.

СРБИТЕ ВО БИТОЛА ГО ОДБЕЛЕЖАА ВИДОВДЕН

NASTANI - 2012 - 3.2На големиот српски празник Видовден, а во организација на почесниот конзулат на Република Србија во Република Македонија, Србите кои живеат во Битола, им одадоа почит на сите знајни и незнајни јунаци кои ги изгубиле своите животи за слобода.

Претставници на Заедницата на Србите и Српско-македонското друштво се поклонија пред споменикот на сите загинати војници на Српските гробишта во Битола, кои се обновени и уредени пред 14 години, а за тоа свој придонес има и почесниот конзул на Република Србија во Република Македонија, г-нот Силјан Мицевски.

КОНЗУЛОТ СИЛЈАН МИЦЕВСКИ НА ЗАЕДНИЧКА ПРОСЛАВА НА ВИДОВДЕН СО СРБИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА

NASTANI - 2012 - 2.2Во параловскиот манастир “Свети Ѓорги”, еден од најстарите во битолскиот крај, Заедницата на Србите во Македонија го прослави христијанскиот празник Видовден. Традиционално години наназад Србите во Македонија овој празник го одбележуваат со симболичен собир во дворот на овој манастир, кој е еден од најсветите во крајот, зашто содржи дел од моштите на светецот Ѓорги.

На овој празник српскиот народ низ целиот свет, па и оние кои живеат во Македонија, им оддаваат почит на паднатите српски борци низ историјата.

Како што е традиција, на годинешниот собир во Параловскиот манастир присуствуваше и конзулот на Република Србија во Република Македонија, господинот Силјан Мицевски.

ЕДУКАЦИЈА НА ПУБЛИКАТА ЗА НАСТАНИ ОД СОВРЕМЕНАТА УМЕТНОСТ

NASTANI - 2012 - 1Во организација на Фестивалот за современи уметности “Акто - 7 Битола”, минатата недела во Центарот за култура се одржа работилница на тема: “Да се слуша публиката”, а модератор беше гостинот од Србија, Драган Протиќ, член на колективот “Шкарт”.

Неговата посета на Македонија и Битола, беше под покровителство на почесниот конзул на Република Србија во Македонија, Силјан Мицевски, кој е голем поддржувач на активностите што се во реализација на зацврстувањето на меѓусеб-ните релации помеѓу двата народа.