КОНЗУЛОТ СИЛЈАН МИЦЕВСКИ НА СРЕДБА СО СРПСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ТОМИСЛАВ НИКОЛИЌ
Српскиот претседател Томислав Николиќ, при тридневната посета на Македонија, се сретна и со српскиот конзул во Битола, Н.Е. Силјан Мицевски. Обајцата изразија задоволство од досегашната соработка, како и уверување дека и понатаму ќе продолжат да дејствуваат во поврзувањето на двата пријателски народи.
“Србија отвора ново поглавје во односите со Македонија. Не постои ништо што н# дели, постои само она што нe поврзува, а тоа е заедничкото минато, и тоа што во иднина можеме заедно да направиме, и за Македонија, и за Србија. Нашата посета, како на прва држава од поранешните членки на Југославија, е знак дека Србија сака со Македонија да биде добар пријател и сосед”, изјави Николиќ.
На средбата српскиот конзул во Битола, Н.Е. Силјан Мицевски, го информира српскиот претседател за бројните активности кои досега ги има преземено ова конзуларно претставништво и лично тој за јакнење на соработката меѓу Македонија и Србија, и на образовен, и на културен план.
“Нашата цел е да изградиме уште повеќе мостови на пријателство меѓу двете земји, а тоа го правиме преку изложбите, размената на театарските претстави, научните симпозиуми на кои настапуваат македонски и српски уметници и научници и ред други активности кои ја збогатуваат и ја јакнат постојаната соработка. Слободно можам да речам дека од отворањето на Конзулатот во Битола, па с# до денес сите активности придонесоа за поголема соработка меѓу Србите и Македонците не само во Македонија, туку и надвор од неа”, изјави Мицевски.