2013

МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА ЗАЕДНО РАБОТАТ НА ШТО ПОБРЗ ВЛЕЗ ВО ЕУ

NASTANI - 2013 - 19.1По повод потпишувањето на примирјето помеѓу завојуваните страни во Првата светска војна, на Српските воени гробишта во Битола, во организација на Српската амбасада и Српскиот конзулат во Македонија, и годинава одбележан е Меѓународниот ден на примирјето од Првата светска војна. По тој повод, покрај претставниците на Српската амбасада и Српскиот конзулат, бројни делегации се собраа на меморијалниот споменик на паднатите борци за да им оддадат почит.

"На денот кога е потпишано примирјето од Првата светска војна се собираме пред овој меморијален споменик да им дадеме должна почит на загинатите војници кои ги дадоа своите млади животи за доброто на овие генерации кои дојдоа по нив. Јас се надевам ова никогаш повторно нема да се случи и оваа порака треба да ни биде на сите како ѕвезда водилка во иднина да се залагаме за мир и соживот на овие простори каде живееме, но и пошироко. Одвреме - навреме сме сведоци на некои немили случки, меѓутоа останува поуката дека војната не носи ништо добро. На крајот, сепак, мора да се седне на маса и да се потпише мир. Јас се надевам дека оваа порака ќе биде за сите генерации како ѕвезда водилка", рече конзулот на Република Србија во Република Македонија, Н.Е. г-нот Силјан Мицевски.

БАЛКАНОТ ВЕЌЕ НЕ Е МЕСТО ЗА ВОЈНИ-ПОРАКА ЗА МИР ИСПРАТЕНА ОД СРПСКИТЕ ВОЕНИ ГРОБИШТА ВО БИТОЛА

NASTANI - 2013 - 18.1Во присуство на претставници на повеќе европски земји, претставувани, пред с#, од дипломатскиот кор, на Српските воени гробишта во Битола, во организација на Конзулатот на Република Србија во Република Македонија со седиште во Битола и Амбасадата на Република Србија во Република Македонија, се одбележа крајот на Првата светска војна. По повод Денот на ослободувањето од Првата светска војна и одбележување на Денот на спомените за сите жртви, ранети и раселени лица од сите војни и сите народи традиционално од Српските воени гробишта во Битола испратени беа пораки за мир со цел воените стравотии и ужаси никогаш да не се повторат, а минатите војни да бидат поука за страдањата кои ги носи конфликтот.

"Оттука испраќаме порака до сите со акцент на потпишаното примирје од Првата светска војна. Тоа значи дека ниедна војна не завршила без должното примирје, така што остануваат само тешките последици од тие војни. Тоа уште еднаш укажува на бесмисленоста на водењето на вакви војни кои, во секој случај, носат непроценливи штети на човештвото", рече Н.Е. г-нот Силјан Мицевски, конзул на Република Србија во Република Македонија со седиште во Битола.

КУЛТУРНИТЕ СОРАБОТКИ ШТО ГИ ОВОЗМОЖУВА СРПСКИОТ КОНЗУЛ, Н.Е. Г-НОТ СИЛЈАН МИЦЕВСКИ ГИ ПРИДВИЖУВААТ РАБОТИТЕ КОН ПОДОБРО

NASTANI - 2013 - 17На 21-то издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм во Битола, присутен беше и Радован Џериќ од Република Србија, кој меѓу битолчани, и на овој фестивал е благодарение на српскиот конзул, Н.Е. г-нот Силјан Мицевски, кој со својата помош овозможува да се видат разни културни творци од Србија, преку кои се придонесува и за придвижување на работите кон подобро. Воедно, со ваквата негова помош се постигнува и размена на искуства и творечки ентузијазам, посебно меѓу творците од двете држави.

"Му благодарам на српскиот конзул во Република Македонија, Н.Е. г-нот Силјан Мицевски, кој ми овозможи да бидам присутен меѓу вас и да го покажам мојот документаристички јазик и на овој, 21-ви, Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм кој се одржува во Битола. ни рече Радован Џериќ од Панчево, Република Србија, кој задоволен од приемот во Битола со импресии зборува за нашиот град и за односот на српскиот конзул во Република Македонија, Н.Е. г-нот Силјан Мицевски. Не можат да се сретнат вакви луѓе како Н.Е. г-нот Силјан Мицевски, кој постојано ја помага културата и ги зацврстува односите меѓу двете држави Србија и Македонија. Со самото мое доаѓање во Битола, јас знаев каде доаѓам, затоа што во Србија, препознатливоста на Битола се темели врз името на конзулот, Н.Е. Силјан Мицевски, за кој со пиетет се зборува кај нас", додаде Радован Џериќ, импресиониран од срдечниот пречек во градот на конзулите и од самиот однос на српскиот конзул, Н.Е. г-нот Силјан Мицевски,"ни рече Радован Џериќ од Панчево, Република Србија, кој задоволен од приемот во Битола со импресии зборува за нашиот град и за односот на српскиот конзул во Република Македонија, Н.Е. г-нот Силјан Мицевски.

ДА ГО СОЧУВАМЕ БАЛКАНСКИОТ МИР

NASTANI - 2013 - 16.3Деновиве, во организација на Српскиот конзулат во Битола и конзулот, Н.Е. г-нот Силјан Мицевски, организирана беше научна трибина на тема: "100 години од Балкански војни до балкански мир", со која беше одбележана стогодишнината од Балканските војни.

Не постои настан, активност или одбележување без активно учество на Српскиот конзулат во Битола и неговиот конзул, Н.Е. г-нот Силјан Мицевски. Постојано, низ неговите ангажмани, градот под Пелистер добива нови визии и погледи како кон сегашноста и иднината, така и кон минатото, како потсетување на сето она што се случуваше на територијата на Република Македонија, што се случува и што во иднина се очекува да се случува. Преку научни трибини и културни манифестации српскиот конзул, Н.Е. г-нот Силјан Мицевски, ги доближува двата братски народа кои имаат единствена цел, подобра иднина.

И неодамнешната трибина, токму во организација на Српскиот конзулат во Битола, и српскиот конзул, Н.Е. г-нот Силјан Мицевски, на тема: "100 години од Балкански војни до балкански мир", Српскиот конзулат, а со тоа и српскиот конзул Н.Е. г-нот Силјан Мицевски, ја одбележаа стогодишнината од Балканските војни.

"Овој времеплов, фактички, ја потврдува често експлоатираната тема, мирот на Балканот, толку посаканиот мир, бидејќи Балканот за многу народи претставува буре барут, а ние докажуваме дека тоа не е така, дека сите кои сме жители на овој простор се трудиме да го зачуваме Балканот, бидејќи знаеме какви непријатности носат војните. Јас се надевам дека со силата на фактите и аргументите тоа што ќе го докажеме и на денешната научна трибина. Во оваа прилика исто сакам да изразам една голема благодарност до проф. д-р Тодор Чепреганов, бидејќи тој на сите наши досега научни собири активно е присутен со свои трудови. Еве, и овојпат не н# заобиколи, туку најде време и покрај неговиот ангажман да дојде, да н# удостои, и да поразговараме за оваа толку интересна тема", меѓу другото, на трибината истакна и српскиот конзул во Битола, Н.Е. г-нот Силјан Мицевски.

Македонија гради добри односи со сите соседи, според градоначалникот д-р Владимир Талески, кој ја потенцираше воспоставената одлична релација на Општината Битола со Република Србија.

"Од овој денешен аспект, многу е значајна соработката со Република Србија. Битола тука е во една поголема предност од останатите општини, затоа што ние имаме и почесен конзулат и можам да забележам дека тој е еден од најактивните конзулати, затоа што навистина во текот на 365 дена има своја програма со која потсетува на разен начин на разни содржини. На пример, во сферата на културата, образованието, историските и политички услови, во разни времиња наназад во историјата на РМ. Не смееме да заборавиме дека со Србија имаме одлична релација и ние како Општина Битола. Знаете дека имаме добра соработка со Општината Стари Град од Белград, со Пожаревац и останатите општини, и, се разбира, се отвораат перспективи за конкретна соработка и со останатите општини. Пред неколку месеци амбасадорот Љубиша Ѓеоргиевски пушти една делегација од други две општини, стопанска делегација којашто беше во Битола. Разменивме искуства, ги повикавме нашите стопанственици и убеден сум дека тоа од повеќе причини ќе продолжи со добар интензитет", рече градоначалникот д-р Владимир Талески.

БЛАГОДАРЕНИЕ НА КОНЗУЛОТ СИЛЈАН МИЦЕВСКИ ПРЕД БИТОЛЧАНИ ЗАИГРА НАЦИОНАЛНИОТ АНСАМБЛ "КОЛО" ОД РЕПУБЛИКА СРБИЈА

NASTANI - 2013 - 15.3Н.Е. господинот Силјан Мицевски уште една ја покажа својата грижа и желба да се помогне културна манифестација, а посебно кога станува збор за културни дејци од Република Србија. Таков впрочем, беше и концертот на Националниот ансамбл "Коло" од Република Србија кои го својата игра и сплет на традиционални игри од Република Србија ја воодушевија битолската публика.

Но, последователно надополнувајќи го амбиентот со впечатливата игра, кореографијата, сплетовите и вокалните изведувачи, ова необично концертно доживување направи еден вид на спектакл на задоволство на сите присутни кои високо почитувајќи го ангажманот на конзулот на Република Србија во Република Македонија, Н.Е господинот Силјан Мицевски, уште една покажаа дека традицијата не смее да згасне, туку треба да се негува и интерпретира с# повеќе и подостојно.

"На прекрасната Битола сите сме некако чувствителни, затоа што тука најмногу се гледа кој знае да пее, кој знае да игра, кој е навистина уметник и кој може да ни искаже чест во една преполна сала. Но уште повеќе ме радува што видов лица и од светот на филмот и од светот на музиката и што вечерва беа овде. Дипломатските претставници и почесниот Српски конзулат си ја работат својата работа одлично, добро е што Србија има почесен конзулат во Битола, но јас би сакал Битола да има свој конзулат во Белград. Посебно му благодариме на целата поддршка што ни ја дава почесниот конзул, Н.Е. господинот Силјан Мицевски, кој ги помага сите културни манифестации кои се одржуваат овде во Македонија и Битола од културните уметници од Република Србија", истакна директорот на националниот ансамбл "Коло" од Србија, д-р Драган Милинковиќ.

ОД БИТОЛА УПАТЕНА СИЛНА ПОРАКА ЗА МИР

NASTANI - 2013 - 14.1Голем број Срби од Македонија и од регионот и годинава традиционално на Српските воени гробишта во Битола, во организација на Конзулатот на Република Србија во Република Македонија со седиште во Битола, и конзулот Н.Е. г-нот Силјан Мицевски на 15-ти септември на Српските воени гробишта во Битола ја одбележаа годишнината од пробивањето на Солунскиот фронт, оваа година 95-та по ред. Оддавајќи им почит на загинатите, на оние кои ги дале своите животи за денешната слобода, конзулот на Република Србија во Република Македонија, Н.Е. г-нот Силјан Мицевски, истакна дека од Битола уште еднаш ја испраќаат пораката за да престанат сите војни и сите страдања во светот, која годинава станува уште поактуелна со тоа што мирот е загрозен секој ден на различни места на Земјината топка.

"Како и секоја година така и оваа година, точно на овој датум, во 11 часот, ја одбележуваме годишницата од Солунскиот фронт. За разлика од другите години можеби оваа година треба да испратиме една уште посилна и поголема порака бидејќи сме сведоци дека секој ден во сите вести и весници можеме да видиме и прочитаме дека во некој дел од Земјината топка се случуваат различни непријатности, војни, бомбардирања и така натаму, па дури и хемиски. Затоа оваа порака сигурно треба да гласи дека само мирот е тој кој може на Земјината топка да донесе благодет. Војните не носат ништо добро, само штети и жртви. И овој ден токму оттука, затоа и толку млади генерации се тука со нас, ја упатуваме пораката и тие да знаат дека само соживотот и мирот треба да се негуваат денес и во иднина. Нека им е вечна слава на жртвите кои ги дадоа своите млади животи за мирот на оваа Земјина топка", рече конзулот на Р.Србија во Р.Македонија, Н.Е. г-нот Силјан Мицевски.