БЛАГОДАРЕНИЕ НА КОНЗУЛОТ СИЛЈАН МИЦЕВСКИ ПРЕД БИТОЛЧАНИ ЗАИГРА НАЦИОНАЛНИОТ АНСАМБЛ "КОЛО" ОД РЕПУБЛИКА СРБИЈА

NASTANI - 2013 - 15.3Н.Е. господинот Силјан Мицевски уште една ја покажа својата грижа и желба да се помогне културна манифестација, а посебно кога станува збор за културни дејци од Република Србија. Таков впрочем, беше и концертот на Националниот ансамбл "Коло" од Република Србија кои го својата игра и сплет на традиционални игри од Република Србија ја воодушевија битолската публика.

Но, последователно надополнувајќи го амбиентот со впечатливата игра, кореографијата, сплетовите и вокалните изведувачи, ова необично концертно доживување направи еден вид на спектакл на задоволство на сите присутни кои високо почитувајќи го ангажманот на конзулот на Република Србија во Република Македонија, Н.Е господинот Силјан Мицевски, уште една покажаа дека традицијата не смее да згасне, туку треба да се негува и интерпретира с# повеќе и подостојно.

"На прекрасната Битола сите сме некако чувствителни, затоа што тука најмногу се гледа кој знае да пее, кој знае да игра, кој е навистина уметник и кој може да ни искаже чест во една преполна сала. Но уште повеќе ме радува што видов лица и од светот на филмот и од светот на музиката и што вечерва беа овде. Дипломатските претставници и почесниот Српски конзулат си ја работат својата работа одлично, добро е што Србија има почесен конзулат во Битола, но јас би сакал Битола да има свој конзулат во Белград. Посебно му благодариме на целата поддршка што ни ја дава почесниот конзул, Н.Е. господинот Силјан Мицевски, кој ги помага сите културни манифестации кои се одржуваат овде во Македонија и Битола од културните уметници од Република Србија", истакна директорот на националниот ансамбл "Коло" од Србија, д-р Драган Милинковиќ.

Овој концерт бил идеја од поодамна, односно кога "Коло" и "Танец" имаа заеднички концерт кој се одржа на 29-ти мај 2013 година во Домот на синдикатите во Белград, па се одлучило да се направи една мини турнеја, но немајќи сретства да ја реализираат желбата помош побараа од Српскиот конзулат во Битола, односно од Српскиот конзул Н.Е. господинот Силјан Мицевски кој се ангажира уметниците од Србија да бидат гости не само во Битола, туку и во Скопје и Кичево, така што на задоволство на сите битолчани Центарот за култура ги отвори вратите за сите уметници кои понудија вистински празник и за очите и за ушите на сите присутни, а тоа е нешто што битолчани одамна не го виделе. Публиката уште еднаш упати благодарност до Српскиот конзул Н.Е господинот Силјан Мицевски, кој ја помогна манифестацијата за да можат Македонците да ги видат српските традиции.