ДА ГО СОЧУВАМЕ БАЛКАНСКИОТ МИР

NASTANI - 2013 - 16.3Деновиве, во организација на Српскиот конзулат во Битола и конзулот, Н.Е. г-нот Силјан Мицевски, организирана беше научна трибина на тема: "100 години од Балкански војни до балкански мир", со која беше одбележана стогодишнината од Балканските војни.

Не постои настан, активност или одбележување без активно учество на Српскиот конзулат во Битола и неговиот конзул, Н.Е. г-нот Силјан Мицевски. Постојано, низ неговите ангажмани, градот под Пелистер добива нови визии и погледи како кон сегашноста и иднината, така и кон минатото, како потсетување на сето она што се случуваше на територијата на Република Македонија, што се случува и што во иднина се очекува да се случува. Преку научни трибини и културни манифестации српскиот конзул, Н.Е. г-нот Силјан Мицевски, ги доближува двата братски народа кои имаат единствена цел, подобра иднина.

И неодамнешната трибина, токму во организација на Српскиот конзулат во Битола, и српскиот конзул, Н.Е. г-нот Силјан Мицевски, на тема: "100 години од Балкански војни до балкански мир", Српскиот конзулат, а со тоа и српскиот конзул Н.Е. г-нот Силјан Мицевски, ја одбележаа стогодишнината од Балканските војни.

"Овој времеплов, фактички, ја потврдува често експлоатираната тема, мирот на Балканот, толку посаканиот мир, бидејќи Балканот за многу народи претставува буре барут, а ние докажуваме дека тоа не е така, дека сите кои сме жители на овој простор се трудиме да го зачуваме Балканот, бидејќи знаеме какви непријатности носат војните. Јас се надевам дека со силата на фактите и аргументите тоа што ќе го докажеме и на денешната научна трибина. Во оваа прилика исто сакам да изразам една голема благодарност до проф. д-р Тодор Чепреганов, бидејќи тој на сите наши досега научни собири активно е присутен со свои трудови. Еве, и овојпат не н# заобиколи, туку најде време и покрај неговиот ангажман да дојде, да н# удостои, и да поразговараме за оваа толку интересна тема", меѓу другото, на трибината истакна и српскиот конзул во Битола, Н.Е. г-нот Силјан Мицевски.

Македонија гради добри односи со сите соседи, според градоначалникот д-р Владимир Талески, кој ја потенцираше воспоставената одлична релација на Општината Битола со Република Србија.

"Од овој денешен аспект, многу е значајна соработката со Република Србија. Битола тука е во една поголема предност од останатите општини, затоа што ние имаме и почесен конзулат и можам да забележам дека тој е еден од најактивните конзулати, затоа што навистина во текот на 365 дена има своја програма со која потсетува на разен начин на разни содржини. На пример, во сферата на културата, образованието, историските и политички услови, во разни времиња наназад во историјата на РМ. Не смееме да заборавиме дека со Србија имаме одлична релација и ние како Општина Битола. Знаете дека имаме добра соработка со Општината Стари Град од Белград, со Пожаревац и останатите општини, и, се разбира, се отвораат перспективи за конкретна соработка и со останатите општини. Пред неколку месеци амбасадорот Љубиша Ѓеоргиевски пушти една делегација од други две општини, стопанска делегација којашто беше во Битола. Разменивме искуства, ги повикавме нашите стопанственици и убеден сум дека тоа од повеќе причини ќе продолжи со добар интензитет", рече градоначалникот д-р Владимир Талески.