КУЛТУРНИТЕ СОРАБОТКИ ШТО ГИ ОВОЗМОЖУВА СРПСКИОТ КОНЗУЛ, Н.Е. Г-НОТ СИЛЈАН МИЦЕВСКИ ГИ ПРИДВИЖУВААТ РАБОТИТЕ КОН ПОДОБРО

NASTANI - 2013 - 17На 21-то издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм во Битола, присутен беше и Радован Џериќ од Република Србија, кој меѓу битолчани, и на овој фестивал е благодарение на српскиот конзул, Н.Е. г-нот Силјан Мицевски, кој со својата помош овозможува да се видат разни културни творци од Србија, преку кои се придонесува и за придвижување на работите кон подобро. Воедно, со ваквата негова помош се постигнува и размена на искуства и творечки ентузијазам, посебно меѓу творците од двете држави.

"Му благодарам на српскиот конзул во Република Македонија, Н.Е. г-нот Силјан Мицевски, кој ми овозможи да бидам присутен меѓу вас и да го покажам мојот документаристички јазик и на овој, 21-ви, Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм кој се одржува во Битола. ни рече Радован Џериќ од Панчево, Република Србија, кој задоволен од приемот во Битола со импресии зборува за нашиот град и за односот на српскиот конзул во Република Македонија, Н.Е. г-нот Силјан Мицевски. Не можат да се сретнат вакви луѓе како Н.Е. г-нот Силјан Мицевски, кој постојано ја помага културата и ги зацврстува односите меѓу двете држави Србија и Македонија. Со самото мое доаѓање во Битола, јас знаев каде доаѓам, затоа што во Србија, препознатливоста на Битола се темели врз името на конзулот, Н.Е. Силјан Мицевски, за кој со пиетет се зборува кај нас", додаде Радован Џериќ, импресиониран од срдечниот пречек во градот на конзулите и од самиот однос на српскиот конзул, Н.Е. г-нот Силјан Мицевски,"ни рече Радован Џериќ од Панчево, Република Србија, кој задоволен од приемот во Битола со импресии зборува за нашиот град и за односот на српскиот конзул во Република Македонија, Н.Е. г-нот Силјан Мицевски.

И српскиот конзул, Н.Е. г-нот Силјан Мицевски, е пријатно изненаден од документаристот Радован Џериќ и затоа тој овозможи Џериќ да биде меѓу битолчани, па со своето креативно искуство да помогне во усовршувањето на младиот кадар во документаристиката.

"Битола го има Српскиот конзулат и многу творци и уметници кои сакаат да настапат или да се претстават овде, ние им овозможуваме, токму заради таа културна тенденција за соработка со која, верувајте, се придвижуваат работите кон подобро. Ние постојано сме тука за сите уметници кои дошле од Република Србија во Република Македонија", истакна Н.Е. Силјан Мицевски.