МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА ЗАЕДНО РАБОТАТ НА ШТО ПОБРЗ ВЛЕЗ ВО ЕУ

NASTANI - 2013 - 19.1По повод потпишувањето на примирјето помеѓу завојуваните страни во Првата светска војна, на Српските воени гробишта во Битола, во организација на Српската амбасада и Српскиот конзулат во Македонија, и годинава одбележан е Меѓународниот ден на примирјето од Првата светска војна. По тој повод, покрај претставниците на Српската амбасада и Српскиот конзулат, бројни делегации се собраа на меморијалниот споменик на паднатите борци за да им оддадат почит.

"На денот кога е потпишано примирјето од Првата светска војна се собираме пред овој меморијален споменик да им дадеме должна почит на загинатите војници кои ги дадоа своите млади животи за доброто на овие генерации кои дојдоа по нив. Јас се надевам ова никогаш повторно нема да се случи и оваа порака треба да ни биде на сите како ѕвезда водилка во иднина да се залагаме за мир и соживот на овие простори каде живееме, но и пошироко. Одвреме - навреме сме сведоци на некои немили случки, меѓутоа останува поуката дека војната не носи ништо добро. На крајот, сепак, мора да се седне на маса и да се потпише мир. Јас се надевам дека оваа порака ќе биде за сите генерации како ѕвезда водилка", рече конзулот на Република Србија во Република Македонија, Н.Е. г-нот Силјан Мицевски.

 

Амбасадорката се осврна и на односите меѓу Македонија и Србија.

"И Србија и Македонија имаат иста стратешка цел и заеднички работат на тоа што побрзо да се вклучат и формално во семејството на европските народи, кое се вика Европска Унија. Ние заедно работиме. Србија и Македонија имаат потпишано билатерална спогодба помеѓу министерствата за надворешни работи. Можам со задоволство да кажам дека минатиот месец го имавме првиот состанок на заедничката мешовита комисија во Белград и притоа се договорени, главно, основните правци на натамошната заедничка работа. Состаноци наизменично ќе се одржуваат и во Белград и во Скопје и сигурна сум дека едни на други ќе си помагаме бидејќи сме, се разбира, многу пријателски земји, многу пријателски народи. И сигурно с# што може Србија да помогне со големо задоволство ќе & помогне на Македонија, а уверени сме исто така во такви чувства на Македонија и македонскиот народ кон нас", рече амбасадорката Дивјак - Томиќ.