2013

БЛАГОДАРЕНИЕ НА Н.Е. СИЛЈАН МИЦЕВСКИ СÈ ПОГОЛЕМ Е ИНТЕРЕСОТ ЗА "МАЛИОТ БИТОЛСКИ МОНМАРТР"

NASTANI - 2013 - 7Заврши уште едно успешно издание на "Малиот битолски Монмартр" во Битола. Покрај две специјални награди, доделени се и дванаесет други награди. Меѓу наградените е и Катерина Ивановиќ од Република Србија, а тоа се должи на фактот дека Република Србија секоја година покажува с# поголем интерес за овој настан, и тоа, благодарение на афирмацијата на Битола и на оваа манифестација од страна на српски конзул, Н.Е. Силјан Мицевски.

"На годинешната манифестација меѓу наградените е Катерина Ивановиќ од Белград, со која повторно ќе се видиме догодина. Покрај две поединечни награди на 32-то издание на "Малиот битолски Монмартр", имаме и 12 награди за ликовни уметници на кои им се овозможи учество на детската ликовна колонија во 2014 година. Ивановиќ беше пресреќна за наградата. Оваа година имавме голем интерес од соседна Србија, која на "Малиот битолски Монмартр" учествуваше со околу 190 творби, а учествуваа две екипи, кои оставија голем впечаток", изјави организаторот Коста Хаџиантоновски.

Тој истакна дека интерес за "Малиот битолски Монмартр" годинава имаше и од најмладите од Република Србија.

"Многу е интересно и важно, што група од 8 деца од градинка во војводинско Оџаци, Србија, присуствуваше на свеченото отварање на "Малиот битолски Монмарт". Тие, исто така, ја посетија и ликовната галерија во Детското студио. Ова потврдува дека Србија секоја година покажува се поголем интерес за овој настан, а тоа е благодарение на афирмацијата на Битола и на оваа манифестација од страна на почесниот српски конзул Силјан Мицевски", рече Хаџиантоновски.

НАУЧНИОТ СОБИР ВО БИТОЛА - МОСТ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА

NASTANI - 2013 - 6.0Петтиот научен собир за конзулска Битола и историските, современите и идни културни и уметнички врски меѓу Македонија и Србија, уште еднаш потврди дека е мост на јакнење на врските меѓу Македонија и Србија. Културата е алфа и омега за поединецот, семејството и општеството на сите цивилизации", вели Силјан Мицевски, почесен конзул на Република Србија во Македонија. Научната јавност пак, пројави досега најголем интерес за собирот, а научните трудови ќе бидат објавени во зборник со што ќе придонесат за откривање нови суштини и вистини од минатото и сегашноста кои водат во иднината. Собирот е уште една потврда за културните и уметничките врски помеѓу двете држави, но и мост кој веќе петта година по ред служи за зацврстување и унапредување на тие врски.

"Културата е една од најголемите цивилизациски придобивки. Од памтивек, па с# до ден - денес највисоките умствени дострели почиваат на културата, како свечен начин на себенегување и себеодгледување, се разбира во нешто подобро одошто е претходното. Нема да згрешам ако речам дека културата е алфа и омега за поединецот, семејството и општеството на сите цивилизации. Спознанијата за минатото се важен предуслов за предвидување на иднината и тоа се најважните анкери на секој историски мост по кој секој народ ја чекори својата сегашност. Нашата временска константа е позната - иднината ќе стане сегашност, сегашноста минато, а минатото за секогаш ќе остане минато. Ваквата еднолична вечност, сепак, не го спречува човек да испитува, да истражува, умно да заклучува и, конечно, да предвидува. На некој начин тоа е негова обврска кон себе и кон својот род", истакна на отворањето на научниот собир Н.Е. Силјан Мицевски, почесен конзул на Србија во Македонија.

БЕЗ ПОДДРШКАТА НА СРПСКИОТ КОНЗУЛ, Н.Е. СИЛЈАН МИЦЕВСКИ, "МАЛИОТ БИТОЛСКИ МОНМАРТР" НЕ ЌЕ МОЖЕШЕ ДА СЕ ОДРЖИ

NASTANI - 2013 - 5Досега незапаметен интерес пројавиле младите ликовни творци од Србија за учество на "Малиот битолски Монмартр", детска ликовна колонија, која годинава се одржува во Битола по 32-ри пат. На годинешниот конкурс се пријавиле ученици од 194 училишта од цела Србија, со пристигнати 3.500 ликовни творби, а на ликовната колонија минатата недела пристигнаа две екипи - од Нови Сад и Белград.

Посебна благодарност за активниот ангажман и огромната помош што ја добива оваа интернационална манифестација е упатена и до српскиот конзул во Република Македонија, Н.Е. Силјан Мицевски, кој, впрочем, 32-години ја помага оваа манифестација.

"Секоја година имаме голема поддршка од почесниот српски конзул во Македонија, Силјан Мицевски. Тој искрено и од срце го сака "Малиот битолски Монмартр" и секогаш се вклучува да помогне за оваа манифестација, а ќе има и средби со младите творци од Србија", истакна првиот човек на "Малиот битолски Монамртр".

МОСТОВИ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА СРБИЈА

NASTANI - 2013 - 4И ПРЕКУ НАУЧНИ СОБИРИ Н.Е. КОНЗУЛОТ СИЛЈАН МИЦЕВСКИ ГРАДИ МОСТОВИ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА СРБИЈА

"Конзулска Битола и историските, современите и идните културни и уметнички врски меѓу Р.Македонија и Р.Србија" е темата на петтиот по ред, јубилеен научен собир, кој ќе се одржи од 31-ви мај до 1-ви јуни, во организација на конзулот на Р.Србија во Р.Македонија, Н.Е. г-нот Силјан Мицевски.

"На моја голема радост и овој собир е исклучително посетен, имаме 61 учесник, на 58 теми. Голема е бројката на заинтересирани и тоа е уште една потврда дека Битола претставува интерес за другите научни средини. Ако се има предвид дека пријавените учесници се академици, доктори на науки, професори итн., тоа значи дека и годинава ќе имаме добар материјал во зборникот што ќе го печатиме, ќе имаме интересни теми, едно солидно четиво за луѓето кои сакаат повеќе да се заинтересираат околу културните и други настани меѓу Битола како конзулски град и Србија", рече, Н.Е. конзулот г-нот Силјан Мицевски.

Научните трудови и реферати, кои афирмираат личности и настани од поблиското и подалечното минато на двата народи, збогатувајќи ја културната ризница на овие простори, претставува значаен придонес кон унапредување на културно-уметничките и научните врски на двата народи.

СРПСКИОТ "ПОСЕТИТЕЛ" СТРАХИЊА БОЈОВИЌ ЈА ВООДУШЕВИ БИТОЛСКАТА ПУБЛИКА

NASTANI - 2013 - 3.2Не постои културна манифестација во Битола во која не е вклучен и Српскиот конзулат во Битола, преку активното учество и помагање на манифестациите на српскиот конзул, Н.Е. Силјан Мицевски. Таква беше и манифестацијата, т.е Фестивалот на монодрамата што деновиве се одржа во Битола на кој присуствуваше и српскиот актер Страхиња Бојовиќ.

Актерот Страхиња Бојовиќ, задоволен од чинот на конзулот Силјан Мицевски за поддршката на културните манифестации, посебно оние во кои учествуваат и српски уметници, со респект кон сите ќе напомене.

"Поддршката на српскиот конзул Силјан Мицевски на културните манифестации е фасцинантна, сјајна и одлична, тоа треба да се почитува и цени, а мене тоа лично, многу ми значи. Ние нашата култура треба да ја почитуваме не само таму во Србија, туку и овде, во Македонија, односно независно каде се создава таа", додава актерот Бојовиќ.

Културните манифестации претставуваат посебен белег за еден град и една традиција, бидејќи преку нив се гледа односот на традицијата и почитта кон неа како како главна алка во целокупното општествено живеење.

"Посебно му сум благодарен на српскиот конзул, Н.Е. Силјан Мицевски, за помошта што ја дава кон културните манифестации и овозможува и српската културна ризница да биде видена овде, во Битола и Македонија", изјави актерот Страхиња Бојовиќ од Србија, кој пред битолската публика на 15-тото издание на Фестивалот на монодрамата во Битола ја изведе претставата "Посетител".

ИЗЛОЖБА СО ФОТОГРАФИИ ОД ЕГЗОДУСОТ НА СРБИТЕ ОД КОСОВО И МЕТОХИЈА

NASTANI - 2013 - 2.2Потресна изложба за патешествијата на Србите при прогонот во Косово и Метохија на 17-ти и 18-ти март 2004 година, беше отворена деновиве во Битола, во организација на Српскиот конзулат и Н.Е. конзулот Силјан Мицевски. Изложбата содржи десетици фотографии од кои минуваат морници по телото додека ги гледате. Тоа се фотографии на раселени Срби, ранети лица, расплакани деца без покрив на главата, разурнати светилишта... Изложбата е сведок за егзодусот кој го доживеаја илјадници Срби протерани од селата на Косовско поле заради тенденциозно и намерно предизвикан меѓуетнички проблем. Србите до денес останаа раселени, а злосторниците неказнети.

"Потсетувањето е поука за неповторливост, за секого кој има и барем трошка разум и совест. А кој во еден момент како поединец, заради нечии нечесни и зли политики, си дозволил да ги изгуби. Заради тоа, потребно е со лицето на правдата да се соочат вистинските виновници и инструктори на егзодусот, зашто е нечесно тоа бреме да го носи целиот албански народ", изјави српскиот конзул Н.Е Силјан Мицевски.

Ова се само дел од ужасите прикажани на фотографиите на изложбата, кои реално се случиле во нашето соседство пред девет години. Изложбата има за цел отворено да проговори за егзодусот на Србите на Косово, но и да предупреди вакви истребувања веќе да не се случуваат. На изложбата присуствуваше и битолскиот градоначалник Владимир Талески.

"Многу запалени домови и раселени луѓе од Косово и Метохија до денес се едно вечно ехо кое упорно секој ден н# опоменува. Ова има последици до денес и е силна опомена човекот да се опамети и да сфати дека на Балканот богатството е во разликите. Посебно Битола покажала дека разликите ја правеле интересен центар на Балканот. Различноста како квалитет, а не како повод за конфликт", апелираше Талески.