2013

ЗЛОСТОРСТВО БЕЗ КАЗНА

NASTANI - 2013 - 1.2Деновиве во Битола беа одбележани девет години од најновиот егзодус во историјата на модерна Европа, кога во 2004 година беа протерани илјадници Срби од нивните домови во Косово и Метохија, а беа запалени и разурнати нивните верски светилишта. По повод девет годишнината од овој трагичен настан српскиот конзул во Битола, Н.Е Силјан Мицевски, одржа говор во кој потсети на тешките мигови кои ги помина српското население протерано од родните стреи. При одбележувањето на годишнината пред присустните беше прикажан и филмот "Злосторство без казна" кој најпластично го опишува патешествието што го поминаа Србите на Косово.

"Раните се свежи и уште крварат и нема да им допуштат на сеќавањата да избледат, бидејќи тоа е невозможно. Чадот од запалените и изгорени 35 храма на СПЦ, меѓу кои 18 споменици на културата, како и храмот на Богородица Љевишка во Призрен, ќе останат како вечни енграми во сетилните рецептори на илјадници прогонети Срби, кои беа притиснати да ги напуштат своите распламтени домови и вековни огништа", изјави конзулот Мицевски.