2013

АНГАЖМАНИТЕ НА Н.Е. СИЛЈАН МИЦЕВСКИ, РАЃААТ ИДЕЈА ЗА ЗБРАТИМУВАЊЕ НА БИТОЛА СО КРУШЕВАЦ

NASTANI - 2013 - 13.1Со постојаниот ангажман на српскиот конзул, Н.Е. господинот Силјан Мицевски, се збогатуваат соработките помеѓу различните српско-македонски здруженија кои придонесуваат за збратимување на двата народа. Така, неизоставен факт е дека, всушност, српскиот конзул Н.Е. г-нот Силјан Мицевски, е оној двигател кој преку најразличните манифестации кои ги организира, или пак ги помага, ги покажува вредностите на двата ентитета кои живеат на Балканот. Таква беше и неодамнешната средба на Српско-македонското друштво "Срна" од Битола и Здружението за српско-македонско пријателство "Шар Планина" од Крушевац од Србија, кои, покрај заедничкото дружење, тие и покренуваат иницијатива за збратимување на овие два града. Тоа јасно говори дека не постои момент, настан или манифестација каде што не е вклучен српскиот конзул, Н.Е. г-нот Силјан Мицевски, кој на тој начин ги збогатува вредностите на овие два ентитета на Балканот. Неговата екселенција, г-нот Силјан Мицевски, кој е темел на основните човекови вредности, постојано е иницијатор на голем дел од културните настани и манифестации во коишто, меѓу другото, се вклучени и уметници или чинители на културните вредности од Република Србија. Српскиот конзул, Н.Е. г-нот Силјан Мицевски е она јадро кое што е постојано двигател на човековите вредности како чинители на општественото живеење.

КУЛТУРНАТА РАЗМЕНА ГИ ОБЕДИНУВА ДВАТА НАРОДА

NASTANI - 2013 - 12Првиот заеднички проект од потпишувањето на договорот за културна соработка меѓу Македонија и Србија, претставата работена според легендарниот текст "Сомнително лице" на Бранислав Нушиќ.

"Да се игра Нушиќ во Битола е возбудлива и добра работа и затоа одлучивме првата изведба да биде тука. Нушиќ е домашен писател во Србија, но и во Македонија и никаде повеќе, и затоа ова е добар пример и вистински момент за една културна соработка. Ние сме многу горди со овој проект и сакам да изразам благодарност до сите кои тоа го разбираат и кои го овозможија настапот овде, но исто така не знам каде би можеле подобро да го одиграме, освен овде, во Битола, а во Ниш с# уште не сме ја прикажале претставата", рече режисерот Саша Габриќ.

Тој изрази голема благодарност до српскиот конзул во Република Македонија, Н.Е Силјан Мицевски, без чија поддршка, како што рече, не бил можен ваков ексклузивитет на ваквите проекти, потоа, до градоначалникот на Општината Битола, Владимир Талески, како и до министерствата за култура на двете земји итн.

Н.Е. КОНЗУЛОТ СИЛЈАН МИЦЕВСКИ – КОНТИНУИРАНО ГИ РАЗВИВА ДИПЛОМАТСКИТЕ ОДНОСИ

NASTANI - 2013 - 11"Република Србија и Српската амбасада се многу среќни што во Битола имаме исклучителна личност која ги застапува интересите како на Србија, така и на пријателска Македонија. Н.Е. господинот Силјан Мицевски е уважен граѓанин на Битола, а исто така и уважен почесен конзул на Република Србија во Република Македонија, односно во Битола. Нашата соработка е многу добра и досега не сме имале никакви недоразбирања", истакна Душанка Дивјак - Томиќ, заменик амбасадор на Република Србија во Република Македонија.

Како поткрепа на ваквото тврдење, меѓубројните досегашни активности, од кои во најголем број од областа на културата, амбасадорката го спомена неодамнешното гостување на Народно позориште од Белград на "Шекспир фестивалот", како и на Нишкиот театар на "Битфест" во Битола.

Со ваков ист став е и конзулот, Н.Е. господинот Силјан Мицевски, според кој добрите резултати се должат на извонредната соработка со Српската амбасада во Република Македонија.

"Соработката со Амбасадата на Република Србија во Република Македонија е извонредна и затоа резултатите се добри. Мислам дека Српскиот конзулат од Битола, нормално во соработка со Амбасадата, има најбројни активности споредено со сите други конзулати", истакна Мицевски.

Неговата екселенција, господинот Силјан Мицевски, за наредниот период најави неколку настани од областа на културата. На големо задоволство на љубителите на фолклорот во Битола некаде во октомври ќе гостува и големиот српски ансамбал "Коло", со своја дводневна програма, а во чија организација, покрај Српскиот конзулат од Битола и Н.Е. господинот Силјан Мицевски, се јавува и Националниот ансамбл "Танец", а во рамките на взаемната поддршка на овие два национални ансамбли. Така што може да се рече дека Српскиот ансамбал "Коло" ќе биде присутен и меѓу битолчани, само благодарение на Н.Е господинот Силјан Мицевски. Воедно во одбележувањето на значајни датуми од историјата на Република Србија, ќе следат активностите кои ги најави Амбасадата на Република Србија во Република Македонија и конзулот, Н.Е. Силјан Мицевски, а тоа е одбележувањето на годишницата од пробојот на Солунскиот фронт на 15-ти септември.

БЛАГОДАРЕНИЕ НА Н.Е СИЛЈАН МИЦЕВСКИ, ОПСТОЈУВААТ СРПСКИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА

NASTANI - 2013 - 10.2Битола отсекогаш била, а и денес е, град на конзулите, а конзуларните претставништва од памтивек низ историјата на градот, играле важна улога за културната размена, за економската соработка со другите земји, за геостратешките, но и политичко - трговски соработки, и други случувања, но и при поддршката на помалите заедници кои живееле и живеат во Битола, како мултиетничка и мултинационална метропола. Една од многуте е и српската популација, која во Битола егзистира со векови, а имаат и свое конзуларно претставништво, чиј конзул е Н.Е. г-нот Силјан Мицевски.

"Со една реченица можеме да кажеме, да не беше Н.Е г-нот Силјан Мицевски немаше да постојат српските здруженија овде, да бидам коректен ќе повторам дека, покрај Заедницата на Србите, во Битола имаме и Српско-македонско друштво. Значи, конзулатот, и конзулот, Н.Е. г-нот Силјан Мицевски, со своите напори, своите лобирања, со помагањето ги одржува сите овие српски здруженија и сакам да истакнам една голема благодарност од нашата заедница", истакна Зоран Жугиќ, член на Управниот одбор на Заедницата на Србите во Битола.

Заедницата на Србите на државно ниво работи преку месни одбори, а битолската функционира по годишен план и програма. Тие најпрвин на 27-ми јануари го одбележија празникот Св.Сава, а деновиве и Видовден, кој претставува свет празник за српската нација. Овој ден во Битола беше одбележан со свежо цвеќе и сеќавање на паднатите борци на Српските воени гробишта од страна на Заедницата на Србите во Битола. Потоа, во септември годинава ќе ја одбележат и 100-годишнината од Букурешкиот договор кој ги тангира и Србија и Македонија. Притоа, треба да се истакне дека Заедницата на Србите во Македонија организира разни манифестации, културни настани и други случувања, главно, под покровителство на Н.Е. г-нот Силјан Мицевски, конзул на Република Србија во Република Ма-кедонија, односно во Битола.

СОБИР НА ВИДОВДЕН НА СРБИТЕ ВО ПАРАЛОВО

NASTANI - 2013 - 9.1Традиционално, во организација на Заедницата на Србите во Битола, големиот српски празник Видовден беше одбележан со собир во манастриот "Св. Ѓорѓи" во мариовското село Паралово. Стотина Срби со своите семејства и пријателите, се собраа да го прослават Видовден, а присутен беше и конзулот на Република Србија во Република Македонија, Н.Е Силјан Мицевски.

"Видовден е еден од најзначаните српски верски празници, кој се слави на целата Земјина топка каде живеат Срби. Всушност, ниту еден Србин не заборава на овој ден, да им одаде должна почит на сите паднати борци кои загинале за Србија. Овој ден секоја година се слави и од страна на српската дијаспора во Македонија, а овој собир денеска, во манастирот "Св. Ѓорѓи" во Паралово, значи потсетување на сите кои загинале за време на Косовската битка. Токму затоа сме и ние овде, да им одадеме должна почит. Се надевам дека оваа традиција ќе трае уште долги години", изјави конзулот на Република Србија во Република Македонија, Н.Е Силјан Мицевски.

Заедницата на Србите во Македонија и месниот одбор во Битола, го слават Видовден две децении на овие простори.

СРБИТЕ НА ВИДОВДЕН ИМ ОДАДОА ПОЧИТ НА ПАДНАТИТЕ БОРЦИ

NASTANI - 2013 - 8Заедницата на Србите во Македонија го одбележа големиот српски празник Видовден. Претставници на ова здружение, минатиот петок, положија цвеќе и се поклонија пред вечниот дом на илјадници војници погребани на Српските гробишта во Битола, кои ги загубиле животите на овие простори.

"Денешниот ден, 28-ми јуни, Видовден, е еден од најзначјните датуми за српската историја, тоа е празник кој се слави во чест на сите жртви што Србите ги дале за слободата на својата земја. Почетоците на ова славење датираат од 1389 година кога се случи битката на Косово, која беше точно на Видовден. Заедницата на Србите во Битола, повеќе од дваесетина години, на овој ден, во исто време, во 10 часот, доаѓа на Српските воени гробишта во Битола да им одадеме помен на сите што загинале на Косовската битка, но и на сите знајни и незнајни јунаци што го положиле својот живот за Србија", изјави Зоран Жугиќ, член на УО на Заедницата на Србите во Битола.

Заедницата на Србите во Битола овој празник секоја година го одбележува со повеќе активности и собири, со поддршка на конзулот на Република Србија во Република Македонија, Н.Е Силјан Мицевски.