2014

Голема Хуманитарна акција

“БИТОЛА СО СРЦЕ ЗА СРБИЈА, БИХ И ХРВАТСКА”

1377368 10202320428074881 2506675592237824373 nАко има нешто добро во поплавите во Србија, Босна и ХерцеговинаиХрватска, тогаш се тоа поплавените граници меѓу луѓето. Занемаренисенацијата, верата, ентитетот. Имсепомаганаситеониенакоипомошименајпотребна. Битоласосвоетоголемосрцесеприклучивоакцијатазасобирањепомошзарегионитезафатениодпоплавите. Општината Битола, Српскиконзулатвоовојградиграѓанскиорганизацииодржааголемахуманитарнаакцијанаплоштадот “Магнолија” подмотото “БитоласосрцезаСрбија, БиХиХрватска”.

ПЕТ ШЛЕПЕРИ ВОДА И ЕДЕН ШЛЕПЕР ЛЕКОВИ ИСПРАТИ СРПСКИОТ КОНЗУЛ,Н.Е. СИЛЈАН МИЦЕВСКИ, ЗА ЗАГРОЗЕНИТЕ ОД ПОПЛАВИТЕ

DSC 4077Конзулатот на Република Србија во Република Македонија и конзулот, Н.Е. господинот Силјан Мицевски, експресно реагираа со помош откако во соседството се случи најголемата природна катастрофа во последниот век. Битолчани се солидаризираа со жителите на поплавените региони во Србија, каде многумина останаа без покрив над главата, а реките однесоа с# пред себе рушејќи куќи, патишта, брани и оставајќи и жртви чиј број с# уште не се знае. Само во Србија штетите се проценуваат на повеќе од една милијарда евра.

Поради ваквата состојба,Српскиот конзулат со седиште во Битола веднаш реагираше со помош со она што е најпотребно за луѓето во загрозените региони.

“Сакам да напоменам дека овие пратки одат директно за Белград и тоа преку Црвениот крст во Србија. Големите практи, директни, со придружни писма од Амбасадата на Република Србија во Република Македонија ќе ја поминат границата без никакви проблеми. И на македонската и на српската граница ослободени се од царини и секакви други давачки. Граѓаните на Битола уште еднаш ја докажале својата солидарност и хуманост. Тоа беше случај и кога беше Белград бомбардиран и тоа е случај и сега. Сите можеме да видиме со каков жар и со каква љубов се настапува кон своите соседи и кон своите пријатели, кон своите сопружници, бидејќи имаме и доста мешани бракови во Македонија. Мислам дека, сепак, големината на човекот се докажува и во овие најтешки моменти кои ги погодија нашите соседи”, вели Мицевски.

 

ОДБЕЛЕЖАНА ЕДНА ДЕЦЕНИЈА ОД СРПСКИОТ ЕГЗОДУС НА КОСОВО

DSC 2169На 17-ти март 2004 година, се случи еден од најголемите егзодуси во поновата историја на Балканот, кога за само 48 часа на територијата на Косово беа протерани над 4.000 Срби, запалени и уништени над 935 српски куќи, 35 православни храмови и споменици на културата, 10 јавни објекти од општествено значење. Во тие два пеколни дена загинаа 19 цивили, а беа ранети повеќе стотини лица. По повод десетгодишнината од овој настан, српскиот конзул во Република Македонија, Н.Е. господинот Силјан Мицевски, уште еднаш се осврна на овој трагичен историски момент за Србите на Косово.

СРПСКИОТ КОНЗУЛАТ ВО БИТОЛА ПОТВРДА ЗА ДОБРОСОСЕДСТВОТО И ПОЧИТУВАЊЕТО МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА

001Како потврда на добрососедските односи и почитувањето меѓу Македонија и Србија и годинава се одбележа Денот на српската заедница во Македонија, празникот СветиСава.

Промовиран зборник за историските, културните и уметнички врски меѓу Македонија и Србија

7b5e787a-eb29-4bce-993b-b114ffd56e90Во Битола во петокот беше промовиран Зборникот трудови на тема „Конзулска Битола и историските, современите и идните културни и уметнички врски меѓу Република Македонија и Република Србија", чиј издавач е почесниот конзулат на Република Србија во Република Македонија, а со поддршка на Министерството за култура при Владата на Република Македонија и претпријатието „,Пелистер" од Битола.

Во Зборникот се собрани трудови од петтиот по ред дводневен меѓународен научен собир кој во Битола се одржа на 31-ви мај и 1-ви јуни минатата година на тема „Конзулска Битола и историските, современите и идните културни и уметнички врски меѓу Република Македонија и Република Србија". На собирот учествуваа шеесетина научници, меѓу нив еден академик и 38 доктори на наука со над 60 труда посветени на културните и уметничките врски во двете држави.