ОДБЕЛЕЖАНА ЕДНА ДЕЦЕНИЈА ОД СРПСКИОТ ЕГЗОДУС НА КОСОВО

DSC 2169На 17-ти март 2004 година, се случи еден од најголемите егзодуси во поновата историја на Балканот, кога за само 48 часа на територијата на Косово беа протерани над 4.000 Срби, запалени и уништени над 935 српски куќи, 35 православни храмови и споменици на културата, 10 јавни објекти од општествено значење. Во тие два пеколни дена загинаа 19 цивили, а беа ранети повеќе стотини лица. По повод десетгодишнината од овој настан, српскиот конзул во Република Македонија, Н.Е. господинот Силјан Мицевски, уште еднаш се осврна на овој трагичен историски момент за Србите на Косово.

“Овој настан треба секогаш да биде во нашата лична и колективна меморија, затоа што последиците се катастрофални. Наша должност е да се сеќаваме и да не им дозволиме на сеќавањата да избледнат. Косово е час по историја во живо и ќе трае с# додека ние сме будни бдеачи над него.…. На 17-ти март 2004 и ден потоа, на Косово експлозивно се шират немири и насилтво врз Србите од страна на Албанците кои започнаа во јужниот дел на Митровица. Вечерта, целиот град беше сардисан од неконтролирана маса, која како лавина тргна во поход на српските домови и училишта, цркви и манастири. Но, народот вели дека нема злосторство кое останува неказнето. Правдата можеби е бавна, но секако достижна, а јас се надевам дека ќе биде реализирана и во практиката”, рече српскиот конзул, Н.Е. господинот Силјан Мицевски.