ПЕТ ШЛЕПЕРИ ВОДА И ЕДЕН ШЛЕПЕР ЛЕКОВИ ИСПРАТИ СРПСКИОТ КОНЗУЛ,Н.Е. СИЛЈАН МИЦЕВСКИ, ЗА ЗАГРОЗЕНИТЕ ОД ПОПЛАВИТЕ

DSC 4077Конзулатот на Република Србија во Република Македонија и конзулот, Н.Е. господинот Силјан Мицевски, експресно реагираа со помош откако во соседството се случи најголемата природна катастрофа во последниот век. Битолчани се солидаризираа со жителите на поплавените региони во Србија, каде многумина останаа без покрив над главата, а реките однесоа с# пред себе рушејќи куќи, патишта, брани и оставајќи и жртви чиј број с# уште не се знае. Само во Србија штетите се проценуваат на повеќе од една милијарда евра.

Поради ваквата состојба,Српскиот конзулат со седиште во Битола веднаш реагираше со помош со она што е најпотребно за луѓето во загрозените региони.

“Сакам да напоменам дека овие пратки одат директно за Белград и тоа преку Црвениот крст во Србија. Големите практи, директни, со придружни писма од Амбасадата на Република Србија во Република Македонија ќе ја поминат границата без никакви проблеми. И на македонската и на српската граница ослободени се од царини и секакви други давачки. Граѓаните на Битола уште еднаш ја докажале својата солидарност и хуманост. Тоа беше случај и кога беше Белград бомбардиран и тоа е случај и сега. Сите можеме да видиме со каков жар и со каква љубов се настапува кон своите соседи и кон своите пријатели, кон своите сопружници, бидејќи имаме и доста мешани бракови во Македонија. Мислам дека, сепак, големината на човекот се докажува и во овие најтешки моменти кои ги погодија нашите соседи”, вели Мицевски.