Апел за помош

 

Почитувани граѓани, по повод природната катастрофа која деновиве ги зафати одредени подрачја на Република Србија, Почесниот Конзулат на Р.Србија во Битола упатува апел за помош, сметајќи на веќе докажаната хуманост, солидарност и несебичност на нашите битолчани.

Почитувани сограѓани, добри луѓе, вредни работници, успешни стопанственици, честити домаќини, горди битолчани, како пријатели, соседи, сопружници, роднини на нашите браќа и сестри од Република Србија, ја повикуваме Вашата хуманост и солидарност на дело според Вашите можности. Освен тоа, нашата Битола која е збратимена со повеќе српски општинии преку нив е во добри пријателски релации со нивните граѓани и институции. Во рамките на оваа официјална меѓународна соработка со Република Србија, хуманитарна помош е организирана во соработка со градоначалникот на Општината Битола    господин Владимир Талевски и Општина Битола, како институции кои го претставуваат нашиот град.

Не еднаш и не би било прв пат, дури без нечиј апел, туку со инстинктот на добрите луѓе, дури и самоиницијативно да помогнете на некому во невоља. Затоа, Почесниот Конзулат на Република Србија во Битола и Градоначалниот на Општината Битола, Ве замолуваат и апелираат да ја помогнете акцијата за собирање на парични и други средства кои ќе бидат наменети за настраданите во поплавените подрачја.

Пунктови на Црвен Крст за собирање на помош:

- Пред зградата на Црвен Крст во Битола

- Плоштад Магнолија

- Веро на Широк Сокак

- Веро во Нова Битола

 

Хуманитарна сметка за настраданите од поплавите во Р.Србија

Денарска сметка за донации на Црвен Крст Битола:

530-0401016916-76

Охридска Банка АД Скопје

М-р Силјан Мицевски

Почесен конзул на Р.Србија во Р.Македонија